Рубрика: Аудио и видеотехника
Проект: звучник Timpani-10
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Самоградбата на звучни кутии со право се смета за тешко и скапо хоби. Уште на почетокот се судираме со проблемите од обработката на дрвото (медијапан, шпер-плоча, ...): сечење, склопување, лепење, боење или фурнирање. Сето тоа е незамисливо без знаење од столарството, а особено е невозможно ако не располагаме со содветен алат. Пред овие проблеми многумина потклекнале и ја напуштиле идејата за самоградба на звучни кутии. За да им овозможиме на сите заинтересирани да направат звучна кутија на едоставен и брз начин, ја отфрламе идејата за изработка на кутија! Постои друг, многу поедноставен, побрз и неспоредливо поевтин начин – како во овој проект.

На редовните читатели веројатно им е познат проектот за самоградба на професионалниот звучник TNT-10PA, објавен во ЕМИТЕР 7-8/2011. Истиот звучник може да се користи и во домашни услови бидеќи има рамна амплитудно-фреквенциска карактеристика (АФК), но сепак му недостасуваат длабоките тонови. Употребениот бас/среднотонски звучник P.Audio E15-150S има такви Thiele-Small параметри кои овозможуваат голема ефикасност од мала звучна кутија (од примарен интерес во професионалното озвучување!), но тоа неминовно повлекува недостаток на длабоки басови. Едно решение, кое тогаш го предложив, е да се монтира бас-рефлекс цевката од задната страна на кутијата и целата кутија да се постави блиску до ѕидот, со што ќе се засилат ниските тонови. Но, секогаш не е можно да се постави кутијата блиску до ѕид. Освен тоа, градбата на кутија претставува сериозен столарски проблем, особено за неискусните. Затоа, да ги обединиме придобивките од поставувањето на бас-рефлекс цевката блиску до голема рефлектирачка површина, заедно со свежа идеја за нов вид "кутија".

Клучни зборови:

Измерена АФК со вклучени рефлексии од собата на звучникот Timpani-10 во споредба со звучникот TNT-10PA

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.