Рубрика: Информатика
3Д скенери
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Системите за 3Д-моделирање, односно скенирање, забрзано стануваат сè подостапни за поголем број заинтересирани луѓе од разни сфери и области, од проста причина што персоналните компјутери кои се способни за приказ на 3Д-графика стануваат доволно евтини. 3Д скенирањето си нашло пат и во медицината, хемијата, електрониката и во многу други научни дисциплини. Сепак, филмовите и компјутерските игри се тие кои ја придвижуваат нанапред 3Д-индустријата во секој поглед.

3Д-скенер е уред кој го анализира просторот и притоа собира податоци за обликот и структурата на предметот што се скенира. Добиените податоци се користат за изработка на тродимензионални модели. Освен за филмската индустрија и за компјутерските игри, друга битна примена на 3Д-скенирањето е индустрискиот дизајн и правењето на документација на археолошки наоди.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.