Рубрика: Информатика
Вебинар за улогата на скенерите во современите претпријатија и за модерните скенерски решенија
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 04.06.2021 - 13:45

Вчера во организација компанијата PFU, огранокот за скенери и скен опрема од ИТ гигантот Фуџицу, и нивниот локален партнер Неоком беше одржан вебинар на којшто можеше да се дознае нешто повеќе за дигитализацијата, улогата на современите скенери во тој процес и секако, нешто повеќе за омилените модели на скенери од линијата на Фуџицу.

Најнапред регионалниот Христос Контосис од регионалното претставништво на PFU ги претстави современите семејства на скенери од Фуџицу и нивните можности. Притоа особен акцент беше даден на моделот fi-7160 како на најпродаван скенер во светот за специјализирани корпорациски апликации, модел којшто работи со повеќе големини и дебелини на хартија, извонредно се интегрира во процесите за управување со документи и нуди одличен баланс на функционалноста и цената. По ова презентацијата продолжи со претставување на другите скенери од семејството fi од Фуџицу со кусо објаснување на нивните погодности, функционалности и основната намена, како и карактеристиките по коишто тие се разликуваат.

За скенерите како клучен дел од ланецот на дигитализацијата и функционалноста на современите претпријатија говореше Горан Чаповски од Неоком. Најнапред ги посочи конкретните предизвици на деловните субјекти и нивните потреби и како во нив се вклопува еден од најпродаваните модели fi-7160. Придобивките од користењето се повеќе – сигурна работа и висока пропусна моќ во реална работа, постојаност во високиот квалитет на слика, скенирање од 44 000 листови дневно, лесно индексирање и извлекување на податоците од документот, лесен пренос на податоците на клиентите со безбедносна шифрирана врска.

По ова акцентот беше ставен на ултракомпактините скенери за документи , моделите fi-65F, fi-800R наменети за сите кои не располагаат со голем простор а кои имаат потреба од скенирање на повеќе документи за идентификација. Придобивките се очигледни – од избегнување на рачно внесување на податоците до лесна и безбедна дигитализација на личните документи со целосна усогласеност на GDPR.

Во овој дел беа претставени стендалон решенијата наменети за претпријатија каде повеќе корисници имаат потреба од истиот уред. Во оваа категорија беше претставен fi-7300NX, преку пример за придобивките од негово користење во рамките на една банка – значителна ефикасност и заштеда преку дигитализација и верификација на договори за клиенти во филијала веднаш по потпишувањето, подобрена модерна околина на експозитуру со безжичен скенер во просторијата со клиенти, замена на оригиналите од хартија со валидна дигитална ‘вистинска копија’.

За крај  беа претставени карактеристиките на буџет скенерите N7100, SP-11xxN серијата, како и моделот SP1425. Беа претставени и сите сегменти на поддршка коишто ги нуди компанијата Фуџицу за клиентите коишто имаат потреба од скенер во процесите на дигитализација и на автоматизација на нивната работа, а особено беше истаканта и поддршката којашто се дава на програмерите и развојните инженери преку обезбедување на ресурси за создавање на нови иновативни решенија.

Клучни зборови: