Емитер 1/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во центарот на нашиот главен град, Скопје, бевме сведоци на поставувањето на повеќе скулптури. Една од нив беше и скулптурата на Александар Македонски, изработена во бронза со вкупна тежина од 40 тони. Редовно за подигање вакви тешки товари се користат кранови од најразлични типови. Во овој текст ќе го опишеме принципот на работа на крановите и нивните главни составни делови, т.е како успеваат да кренат толку голема тежина со мотор со моќност како на југо.
Крановите се уреди кои служат за подигање и за цикличен транспорт на различни материјали и производи. Тие се составен дел на секое производство и на градежништвото, од проста причина што човекот со својата физичка сила не може да изврши транспорт на материјалите. Како основа за квалитет на кранот се земаат повеќе параметри, и тоа: вкупната тежина која може да ја подигне и да ја транспортира, височината на која може да ги подигне материјалите, функционалноста и универзалноста на кранот. Тежината за која се изработуваат крановите, односно тежината која можат да ја подигнат и да ја транспортираат се движи во широк дијапазон, и тоа од 2 до 4000 тони, а височината до која можат да подигнат, доколку базата е поставена на земја, се движи од 10 метри, па сè до 300 метри.
Според својата функционалност, крановите се делат на неколку групи и типови, како што се: градежни кранови, автокранови, мостни кранови, портални кранови, конзолни кранови, офшор-кранови и др. Во првиот дел од овој натпис ќе се задржиме на стрелата, мостот, макарите и челичните јажиња, а во второто продолжение ќе ги опфатиме куката, барабанот, кочницата, носечката конструкција, стабилизаторите, погонските мотори и редуктори.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.