Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Аналогно-дигитални конвертори (5)
Автор: Наташа Божиновска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Серијата за A/D конвертори ја завршуваме со приказ на сигма-делта A/D конверторот, кој има концепција за примена на делта-модулацијата, позната како принцип применет во импулсно-кодната модулација (PCM).

Сигма-делта (ΣΔ) A/D конверторот може да се подели на два дела: а) делот кој содржи едноставна аналогна електроника – компаратор, извор на референтен напон, преклопник, еден или поголем број интегратори и аналогни кола за собирање и б) делот со комплексни дигитални кола, кој има функција на нископропусен филтер. Основната постапка применета во овој конвертор е "делта модулацијата", во која аналогниот сигнал се квантизира со 1-битен A/D компаратор, а излезот на компараторот се претвора во аналоген сигнал со 1-битен D/A конвертор и се одзема од влезниот сигнал, откако ќе помине преку интегратор.

Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.