Емитер 1/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постоечката колекција фосилни наоди од хоминидите, палеонтолозите ја збогатиле неодамна со уште еден интересен наод, Australopithecus sediba, стар нешто помалку од 2 милиона год. Со анализа на неговите остатоци, антрополозите утврдиле дека наодот е всушност хибрид од примитивни и напредни анатомски карактеристики измешани до таа мера, што можеби отвора простор за ревизија на класичната теорија за еволуцијата на човекот!
Како настанал човекот, науката заклучува врз основа на фосилните наоди од некогашните живи суштества, чии остатоци лежат во пластовите во земјата. На таа тема ЕМИТЕР неколкупати досега објавил свои написи (види го текстот во рамка). Но, во меѓувреме палеонтолозите откриле еден многу чуден фосилен наод на хоминид, Australopithecus sediba (во натамошниот текст, А. седиба), којшто отвора простор за ревизија на класичната теорија за еволуцијата на човекот. За да го објасниме проблемот, ќе се потсетиме на класичната теорија за еволуцијата на човекот.
На еволуцискиот пат на човекот препознаваме две основни таксономиски категории. Првата категорија ја сочинуваат попримитивните фосилни наоди со анатомски карактеристики кои се поблиску до човеколиките мајмуни (apes), па тие носат групно име Australopithecines (Австралопитекуси), додека втората категорија ја сочинуваат понапредните фосилни наоди, чии карактеристики се поблиску до човекот, па носат групно име Homo. Но, каде припаѓа А. седиба? Поголем дел од неговите анатомски карактеристики се насочени кон понапредната категорија Homo, но, приближно исто толку голем друг дел од карактеристиките се насочени кон примитивните човеколики мајмуни. Но, и покрај побројните анатомски карактеристики "кон напред", антрополозите него го класифицирале во категоријата Australopithecus, а не во Homo, главно поради неговиот изненадувачки мал мозок, споредлив со мозокот на човеколиките мајмуни.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.