Рубрика: Историја и археологија
Тиванаку – цивилизација од Андите
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Лоциран во Боливија, во близина на езерото Титикака, лежи прастариот град Тиванаку на надморска височина од речиси 4000 метри, што го прави највисокиот урбан центар кој кога било бил изграден. Во најголемиот дел опкружен со планини и ридови, градот го живеел својот зенит некаде помеѓу 500-тата и 1000-тата година од новата ера, кога се проширил на површина од нешто повеќе од шест квадратни километри, прецизно организирани со планска мрежа. Засега само мал дел од градот е ископуван. Процените за бројот на жители варираат, но се чини дека Тиванаку бил дом на најмалку 10 000 луѓе во неговиот зенит. Иако неговите жители не развиле писменост и старото (вистинското) име на градот е сè уште непознато, археолошките остатоци укажуваат дека културното и политичкото влијание на градот се чувствувало насекаде низ Андите, протегајќи се сè до современите граници на Перу, Чиле и Аргентина.

Денес, иако во негова близина се наоѓа современ град, Тиванаку е една голема урнатина. "Масивни, камени полузатрупани облици кои се издигнуваат од рамнината, во чија близина има правоаголни платформи и потонати дворови со прекрасен каменорез и градба" пишува Маргарет Јанг-Санчез (Margaret Young-Sánchez), кураторот на Музејот на уметноста во Денвер (Denver Art Museum), во својата книга "Тиванаку – Предците на Инките" (Tiwanaku: Ancestors of the Inca).

Клучни зборови:

Уметничка визија на храмот во зенитот на цивилизацијата.

Детаљ од ѕидовите во Тиванаку.

Информативна плоча со планот на Тиванаку наменета за туристите

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.