Рубрика: Историја и археологија
Фосилот Dmanisi 5 ја ревидира систематизацијата на најраните човекови видови
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во еволуцискиот пат на човекот, актуелната таксономиска систематизација селектира неколку различни најрани видови (species) во родот (genus) Хомо (Homo). Меѓутоа, најновиот палеоантрополошки наод на череп стар 1,8 год., откриен во Дманизи, Грузија, сугерира дека сите тие навидум различни најрани видови се всушност варијации на само еден ист вид.

На темата "Еволуцијата на човекот", ЕМИТЕР досега објавил свои написи во неколку броја. Меѓутоа, палеоантрополошките наоди перманентно се збогатуваат со нови примероци, меѓу кои и некои коишто налагаат ревизија на извесни досегашни сфаќања во еволуциската скала на човекот. Еден таков најнов антрополошки наод е откриен во Дманизи, Грузија, од страна на група швајцарски антрополози од Универзитетот во Цирих, во соработка со палеонтолози од Универзитетот на Грузија. Наодот се состои од добро сочуван череп, стар 1,8 милиони години, што значи дека се однесува на најран предок од родот (genus) Хомо (Homo), а според земјата кадешто тој е откриен, фосилот е наречен "Homo erectus Georgius". Тој наод сугерира ревизија на актуелната таксономиска систематизација, според која во родот Хомо се селектирани неколку различни најрани видови (species). Имено, деталната анатомско-морфолошка анализа на наодот покажува дека тој ги содржи карактеристиките од сите, различни најрани наводно "видови" во родот Хомо, што наведува на заклучок дека сите тие "видови" се всушност варијации на само еден вид, Homo erectus. Но, да одиме по ред!

Клучни зборови:

Реконструкција на ликот на Homo erectus Georgius

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.