Рубрика: Аеронаутика
Иркут МС 21
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Иркут МС 21 е најновиот руски патнички авион наменет за куси и средни патеки наменет пред сè за рускиот пазар, но производителите се надеваат дека авионот ќе се пробие и ќе биде конкурентен на еквивалентните модели на Боинг и Ербас.

Консолидацијата на руската авиоиндустрија по 2001 година го овозможила развојот на првите постсоветски патнички авиони во Русија. Прв ваков авион е Сухој Суперџет 100 развиен од соработката на компаниите Сухој и Боинг. Авионот влезе во употреба оваа година. Тој е со капацитет до сто патници.
Втор патнички авион развиен во постсоветска Русија е Иркут МС 21. Кратенката доаѓа од називот на авионот на руски, Магистральный Самолёт 21 века (Патнички авион за дваесет и првиот век). Развојот на овој авион се базира на стар проект на конструкторското биро Јаковлев за двомоторна верзија на тромоторниот Јак 42. Производството треба да се одвива во компанијата Иркут. Авионот треба да ги замени авионите од типот Туполјев 154. МС 21 може да лета во сите временски услови, дење и ноќе, и од аеродроми на големи надморски височини.

Клучни зборови:

Уметнички импресии на МС 21

Уметнички импресии на МС 21

Кокпитот на МС 21.

Патничката кабина на МС 21

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.