Рубрика: Аеронаутика
Поликарпов По-2
Автор: Перица Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Често поставувано прашување е што е толку посебно во еден обичен двокрилец, што меѓу безброј други типови авиони го воведе во историјата на авијацијата во светот, а и во военото воздухопловство во екс ЈУ-просторите, едноставно, авион кој не може да се заобиколи? Имаше поубави, побрзи, борбено далеку помоќни. Еден од одговорите е во цитатот: "Доколку сте Американец или од поранешната западна Европа, шансите да не сте чуле за У-2, По-2 се големи. На друга страна, доколку сте биле на германска страна во текот на Втората светска војна, особено на источниот фронт, од името По-2, или "Nähmaschine" може да ви се повратат ужасните спомени на чуден непријатен звук од мотор кој ви прелетува ниско над главата за потоа да уследат експлозии на бомби кои Вам и на вашите другари ви го нарушуваат сонот". Тој необичен звук јас го слушнав во далечната 1967 година, во летачкиот центар Вршац, и го доживеав како звук на ротофреза или трактор кој прелетува над покривот. Изненадувањето беше големо не само за мене, но и за поискусни, кога видовме дека всушност не прелетува По-2 со ѕвездест мотор.

Клучни зборови:

Димензии на По-2

Борбена верзија на По-2

По-2 со мотор Валтер Минор

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина