Ова не е прв а веројатно нема да биде ни последен ваков инцидент во патничката авијација, но овојпат целата драма се одвивала над населено место. Секако, во авијацијата има посебна процедура за постапување во речиси сите вонредни сценарија па и при ваков дефект. Навремената реакција и примена на постапките во случај на нужда довеле до среќен исход – без жртви и без поголеми последици и штети.
Над населеното место Бромфилд, предградието на градот Денвер, заврна дожд од авионски делови од авионот на компанијата Unaited Airlines кој присилно слета на оближниот аеродром поради оштетување на моторот.
Дефектот се случил, односно моторот се запалил на висина од 4572 метра. И пилотите и патниците забележале оган кој блика од моторот кој почнал да се распаѓа, при што се чувствувало силно тресење и топлина. Пилотот согласно процедурата итно прогласил вонредна состојба и ја известил контролната кула во Денвер и побарал дозвола за слетување на истиот аеродром од кој полетал. Летот требало да се одвива на релација Денвер – Хаваи, а според некои информативни гласила во авионот имало 231 патник и 10 членови на екипажот.
Со брза реакција на пилотот и преземањето на соодветни чекори авионот безбедно приземјил на аеродромот од којшто полетал, а среќните патниците со силен аплауз го проследиле слетувањето.
На фотографиите што ги објави полицијата од Бромфилд, Колорадо, се забележуваат остатоци од моторот кои паднале во тревник на земјата, додека на You Tube кружат видеа од запалениот мотор. За среќа, целиот инцидент завршил без повредени.
По овој настан американската воздухопловната управа FAA даде наложи вонредни прегледи на сите авиони од типот Боинг 777 кои користат мотор Pratt & Whitney 4000, а Јапонија ги прекина сите летови на авионите со ризични мотори, сè дури не се утврди причината поради којашто моторот се запали во и гореше во воздух. Во меѓувреме и компанијата Боинг ги извести воздухопловните компании кои користат и оперираат со Боинг 777 да ги приземјат сите авиони што го користат овој тип на мотор, сè додека Федералната воздухопловна управа FAA не утврди одреден протокол за инспекција.