Рубрика: Аеронаутика
Lockheed T-33 Shooting Star - од неуспешен ловец до еден од најдобрите тренажни авиони
Автор: Владимир Андоновиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 204 - 4/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Историјата на овој авион започнува како ловец P-80 Shooting Star, кон крајот на Втората светска војна. За жал, заради своите релативно скромни перформанси во споредба со конкуренцијата (Gloster Meteor, Me-262 и особено во споредба со Миг 15 во Корејската војна), тој не ги исполни очеку­вањата во оваа област. Што да се прави со готов авион? За среќа, во моментот постоеше силна потреба од школски авиони за преобука на пило­тите од клипна во млазна авијација, па компанијата Lockheed реши несудениот ловец да го реконструира и од него да нап­рави тренажен авион.

И, како што обично се случува, „лошото момче” блесна во една сосема поинаква, можеби и поважна улога, стана тренажен авион, и тоа не каков било, туку еден од најдобрите во светот. Пилотите уживаа да летаат со него. Прототипот полета на 22.3.1948 година, под името Т-33А.

Еден од расходуваните авиони T-33A сега го краси паркот во општина Аеродром. За жал, оригиналниот, веројатно скршен, капак е заменет со смешна и грда аматерска форма која го расипува впечатокот.

Клучни зборови:
Млазен мотор Allison J33-A-35 на авионот T-33A

Млазен мотор Allison J33-A-35 на авионот T-33A

Еден од расходуваните авиони T-33A сега го краси паркот во општина Аеродром.

Еден од расходуваните авиони T-33A сега го краси паркот во општина Аеродром. За жал, оригиналниот, веројатно скршен, капак е заменет со смешна и грда аматерска форма која го расипува впечатокот.

Група авиомеханичари и авиоспецијалисти од Аеродромот Петровец, кои работеа на одржување на авионите T-33A и TV-2

Група авиомеханичари и авиоспецијалисти од Аеродромот Петровец, кои работеа на одржување на авионите T-33A и TV-2

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.