Рубрика: Автомобилска техника
Најмалото автомобилче на светот Peel P50
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Конечно, ќе се запознаеме со најмалото сериско автомобилче во светот што е влезено дури и во Гинисовата книга на рекорди. Мало, слатко, евтино, исклучително практично градско возило, кое во 2012 година одбележа јубилеј – 50 години од неговата појава. Секогаш плени со својот необичен и исклучително практичен и спартански дизајн и мами воздишки. Шармантен е. Вистински хит во Велика Британија и во многу европски земји. И добро помислувате: вредните и снаодливи емитерџии можат да го изработат во домашната работилница. Податлив е за самоградба.

Првото нешто што плени на ова малечко градско возило е неговиот неодолив минималистички дизајн. Да, точно е, за вкусовите не се расправа, но за дизајнот може да се расправа. Во што би се состоела расправата? Едноставно, во одбрана на позицијата дека се работи за совршен дизајн и каква било дополнителна интервенција би била рамна на сквернавење. Значи, не трпи интервенција, не трпи критики! И ова нешто навистина се зема здраво за готово бидејќи сè друго што би ни дошло на ум, а е во врска со дизајнот, ќе значи неповратно упропастување на нешто што "од мајка" е совршено создадено (редизајнот е посебна приказна). Сепак, уметноста е моќна институција.
За останатото што не се гледа на отпрва, како погон, сопирачки, амортизација, управување, опрема и др., дозволено е во секој момент да се разговара, да се критикува и да се нудат уште подобри и подобри решенија. Тоа е тема која трпи критика и која, по дефиниција, мора да е подложна на критика. Иако и тука има уметност (покрај основниот строг услов за функционалност кој секогаш е во преден план), таа визуелно не е толку експонирана.

Клучни зборови:

Дури и најмалите автомобили имаат свои "аксесоари"

P50 заедно со "братот" Trident

Автомобилчето можеби нема рикверц, но дали всушност истиот и ви е потребен?...

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.