Во Велика Британија отворена е првата дигитална продавница за автомобили. Hyundai Motor и дигиталниот малопродажен ланец “Rockar” ги здружија силите формирајќи го “Rockar Hyundai” притоа претставија иновативен пристап при купувањето нов автомобил којшто ги задоволува потребите на современиот купувач, кој пронаоѓа задоволство при купувањето преку мрежа.
Овој нов систем во потполност е ориентиран кон купувачот овозможувајќи му да истражува, да закаже тест-возење, да закаже сервис или поправка на своето возило, како и да го замени своето старо возило и да купи ново Hyundai возило. Плаќањето може да биде во готовина или преку бројните финансиски пакети по сопствен избор. Сето ова се прави преку компјутер, таблет или смарт телефон со еден клик на глувчето или со притискање копче. Работното време е 24/7. Интернет-адресата е www.rockar.com, каде што купувањето може да се реализира за само пет минути.
Развојот на оваа дигитална платформа траел две години, и таа е дизајнирана да биде едноставна за користење, флексибилна, практична и потполно транспарентна. Работи на принципот “No-Haggle”, што значи дека за секој купувач важи истата цена, т.е. не е дозволено пазарење. Во текот на процесот на купување, купувачите не се обврзани да разговараат со никого ако тоа не го сакаат.