Емитер 1/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Мисијата имаше задача од орбитата да ги мапира варијациите на гравитациското поле на површината од Земјата. Притоа, орбитерот детектира еден многу интересен податок: "лузна" во гравитацијата, предизвикана од земјотрес.
Орбиталниот сателит на ESA, GOCE (Gravity field and steady-state Ocean Circulation Explorer – во превод "истражувач на гравитациското поле и на циркулациите во океаните"), беше лансиран на 17 март, 2009 год., со задача крајно прецизно да ги мапира варијациите на градиентот од гравитациското поле на површината од Земјата, вклучувајќи ја и површината на океаните. Да објасниме: гравитацискиот градиент на површината од Земјата нема константен износ, туку тој варира од место до место, воглавно поради нехомогеност и нерамномерна распределеност на материјалот во кората на Земјата. Овие гравитациски варијации постојат и во океаните, предизвикувајќи варијации во нивото на водата, така што на местата каде што гравитацијата е посилна, таа привлекува поголемо количество вода, па на тие места настануваат "испапчувања" на водената површина, додека на местата каде што гравитацијата е послаба, се создаваат "вдлабнатинки" во нивото на водата. Овие испапчувања и вдлабнатинки на површината од океаните немаат врска со водените струења кои перманентно постојат под дејство на ветровите, загревањето од Сонцето, дождовите и плимите и осеките од привлечните сили на Сонцето и Месечината, туку тие се статични локални геометриски варијации во височината на нивото на водата. Мапирањето на овие варијации на водената површина на океаните беше секундарна задача на мисијата GOCE, покрај претходно наведената нејзина примарна задача – да ги мапира варијациите на градиентот на гравитацијата, всушност, да ја мапира причината за варијациите на нивото на водата во океаните.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.