Рубрика: Астрономија и астронаутика
Имало ли живот на Марс пред тој да се појавил на Земјата?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Најновите геолошки истражувања на марсовото тло покажале дека во далечното минато, на Марс постоеле услови за живот на ниво на микроорганизми, па дури и се шпекулира дали таму животот можел да започне пред тој да се појави на Земјата?!

"Црвената планета", Марс, е особено интересна планета за астробиолозите, па во изминатите неколку декади таа беше мета на разни истражувачки мисии, сонди, орбитери и ровери. Сега е во тек најновата научна мисија на НАСА "Mars Science Laboratory" (Научна лабораторија на Марс), во рамките на која од месец август 2012 год. по површината на Марс крстосува ландроверот Curiosity ("Љубопитност"), всушност научна лабораторија опремена со механизми и инструменти за геолошки истражувања со задача да утврди дали некогаш на Марс имало услови за живот (ЕМИТЕР 1/12 и 7-8/12). Досега се реализирани неколку геолошки истражувања на неколку различни локации од површината на Марс, меѓутоа, наодот од најновото истражување на локацијата наречена "John Klein" конечно сугерира дека во далечното минато, пред повеќе од 3 милијарди год., кога планетата била потопла и повлажна, на Марс постоеле услови за живот на ниво на микроорганизми. Дури и повеќе од тоа, наодот отвора шпекулативно прашање: "Дали на Марс можел да се развие живот пред тој да се појави на Земјата?"

Клучни зборови:

Теренот John Klein на кој роверот Кјуриосити ги вршеше најновите геолошки испитувања.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.