Емитер 7-8/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Истражувањата на планетата Марс од страна на НАСА продолжуваат. Во месец август на Марс ќе се спушти ландровер наречен "Curiosity", опремен со досега најсофистицирана техника за геолошки истражувања на Марсовото тло.
Научната мисија на НАСА, т.н. "Mars Science Laboratory" (Научна лабораторија на Марс) всушност е ландровер т.н. "Curiosity" (во превод "Љубопитство") лансиран кон Марс на 26 ноември 2011 год.. Сега тој е пред самиот крај на својата маршута, и според програмата тој ќе се спушти на Марс на 6 август оваа год. Ландроверот Curiosity, за кој опширно пишувавме во ЕМИТЕР 1/2012, е околу 5 пати поголем од претходните два Марсови ровери, Spirit или Opportunity, и пренесува околу 10 пати поголема маса научни инструменти. На одредената дестинација тој ќе се обиде да се спушти со поголема прецизност отколку што тоа го направиле неговите двајца претхоници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.