Ако немате идеја како, а сакате да го осмислите и да го организирате работното место за вашето омилено хоби (електроника), на вистинско место сте. Концепцијата, изгледот, дизајнот и димензиите на мојата работна маса со пултот, полиците со мерни инструменти и литературата за електроника, како основни клетки на работното место за електроничар-хобист, нека послужат како идејна водилка за тоа како би можело да се реализира едно катче за работа, место каде што хобистот со задоволство ќе поминува дел од своето слободно време.