Емитер 7-8/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како е родено нашето Сонце и милијардите ѕвезди кои го осветлуваат ноќното небо? До сега научните објаснувања биле сведувани само на претпоставки од симулации, но, без можност за опсервациона потврда. Но, еве сега орбиталниот телескоп Хершел (Herschel) "ѕирна" во утробата на материјата кадешто се "раѓаат" ѕвездите и го симна превезот кој досега го сокриваше чинот на "раѓањето" на светлината во универзумот.
На почеток имало само темнина и немало ништо освен гас. Потоа се "родиле" ѕвездите, клучниот фактор којшто направил универзумот да излезе од темнината. Тоа ја претставувало појдовната точка кон создавање на сето останато што денес постои во универзумот, хемиските елементи, планетите и конечно живите суштества. За да го разберат животниот циклус на ѕвездите, научниците перманентно ја анализирале нивната светлина и така го следеле текот на нивниот живот, како ѕвездите полека се "трошат" додека конечно не згаснат, или завршат со стравотна експлозија (супернова). Од тие анализи и симулации научниците се обидуваат да извлечат заклучок како ѕвездите се обликуваат од прашина и гас и како тие се здружуваат за да формираат галаксии. Но, таа "појдовна точка" досега остана една од мистериите во астрономијата.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.