Рубрика: Електроника
Регулатор на светлина за "неонка"
Автор: Горан Веловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Уредите за регулација на светлината (популарно наречените "димери") за флуоресцентните светилки се сложени и скапи. Димерите за светилките со жарно влакно, се далеку поедноставни и поевтини, но начинот на кој се регулира светлината можеме да го прилагодиме и за флуоросцентните светилки. Во овој напис ќе прикажеме едноставен регулатор за светлина за флуоросцентните светилки.

Флуоресцентните светилки, популарно наречени "неонки", сè почесто се употребувани по домовите поради фактот што трошат помалку електрична енергија, а даваат иста количина светлина како и светилките со жарно влакно, подолготрајни се, имаат век на траење од 10 до 20 пати повеќе од светилките со жарно влакно. Поради фактот што сè повеќе се користат по домовите, овој регулатор може да најде голема примена. Со промена на светлината можеме да постигнеме значајна заштеда на електричната енергија, но и попријатна, потопла работна средина. Решението кое го нудиме е едноставно и лесно за изработка, а особено го препорачуваме за флуоросцентни светилки со "топла боја" – под 3500 K.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1225

Тријак: TIC206M

 
Демонстрација на работата на готовиот уред
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.