Емитер 7-8/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Пред три години под насловот „Двоен извор на DC напон" во ЕМИТЕР беше објавен проект за изработка на извор за напојување. Квалитетен уред кој заслужува да се најде во секоја аматерска работилница. Следејќи ја истата логика: изработка на евтин и, за аматерски услови, квалитетен извор за напојување во овој број објавуваме уште еден сличен проект овојпат со интегрираниот стабилизатор L200. Овој извор е предвиден за излезен напон од 0 до 22V, и излезна струја која може да се ограничи на вредност од 20mA до 1,5A.
Електричните карактеристики на интегрираниот стабилизатор L 200 се многу слични со оние на стабилизаторот LM 317. Поради тоа стабилизирачките карактеристики на изворот од овој проект се практично исти со карактеристиките на веќе објавениот извор изработен со LM 317: напонска стабилност нешто подобра од 0,2%/V и струјна стабилност од околу 0,1%. Разликата е во можноста за ограничување на излезната струја, особина која LM 317 ја нема. Освен тоа изворот за напојување што овој пат ви го нудиме овозможува континуирана регулација на излезниот напон од 0 до 22V со што се опфатени напојувачките напони практично на сите електронски компоненти. Излезната струја може да се ограничи од 20mA па се до нејзината максимална вредност која е еднаква на 1,5A.
Изработениот извор на напојување со U/I регулација во комбинација со проектот Таурус 20 - SSB QRP трансивер
Uo = 0...22V
Io = 20mA...1,5A
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.