Рубрика: Електроника
Стабилизиран извор во дискретна техника со напонска и струјна регулација
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2011.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Честа е потребата од стабилизиран извор за нестандардни вредности на излезниот напон и струјно ограничување на излезната струја. Трипинските регулатори не можат да одговорат на потребите. Предложениот стабилизатор насочувач е погоден за точен и соодветен избор на саканиот излезен напон и струја во голем дијапазон. Изграден е со транзисторски полуспроводници и освен практична има и едукативна намена.

Прикажаниот уред е погоден како извор на стабилен напон со ограничена излезна струја. Може да се изгради за кој било напон од 3 до 40 V и излезна струја до 2 A (R3 = 5W). Зенер диодата ZD1 приближно го одредува минималниот излезен напон, а фина регулација на напонот се врши со тример потенциометарот P2. Висината на излезната струја се нагодува со тример потенциометарот P1. За регулација на висината на излезниот стабилизиран напон и за одредување на максималната вредност на излезната струја се користат тример потенциометри, а не се предвидени класични потенциометри поради тоа што уредот е замислен како стабилен извор на единечен напон со едно одредено ниво на максимална струја.

Технички карактеристики:

Uout: 3 – 40 V;
Iout: 2 Amax

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1121

Транзистори: 2N3055, BC547;
Тримери: 2k5

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.