Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Дијагностика на дефекти на самоизградени склопови
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Нашата школа за електроника, којашто опстојува веке осум години, претставува своевиден начин за дополнување на содржините од наставните единици во редовните школски системи, но често претставува и основно четиво за оние кои аматерски се занимаваат со електроника. Освен поедноставените и покомплексните содржини од теоретскиот дел, имаме и написи со практични примени. Овој напис има таков карактер и има за цел да им помогне на електроничарите со помало практично искуство, но и делумно искусните можат да имаат некаква полза.

Откривањето на местото на дефектот кај неисправни уреди за некого може да биде исполнето со судни маки, а има и такви кои со префинет осет го решаваат проблемот. За првите да не стекнат некаков комплекс, ќе се обидеме да дадеме неколку упатства и совети како да го олеснат решавањето на тој проблем.
Стратегијата и процедурата на откривањето на дефектот, пред сè, зависи од тоа дали се работи за фабрички производ или за самоградба.
Кај фабрички изработените уреди, причината за појава на дефект може да биде некој од вградените елементи или дефект предизвикан од неправилна интервенција (ладен лем, краток спој создаден со невнимание, приклучување на несоодветен напон на напојување и слично).
Самоградбите се посебна приказна. Без разлика на тоа со колкаво внимание е правена конструкцијата, секогаш постои можност уредот да не проработи веднаш.

Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.