Емитер 6/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Да се изработи квалитетен и со одлични карактеристики хај-фај стереозасилувач за слушалки е предизвик за секој електроничар. Поради тие причини, во проектов што ќе го проследите е опишан и изработен квалитетен и релативно евтин засилувач за слушалки кој работи во чиста А-класа, кој ако го изработитите ќе бидете многу пријатно изненадени од квалитетниот чист звук што го испорачува на неговите излези.
Слушањето музика со слушалки е широко распространето и многу почитувано од страна на љубителите на хај-фај звукот. Сето ова е поврзано со некои основни предности, како што се, на пример, намалување на најмало можно ниво на влијанието на шумовите и звуците од околината и исклучително квалитетниот звук понуден во целиот чуен аудиофреквенциски опсег од 20Hz, па сe до 20kHz. Слушателот целосно може да ужива во целиот динамички опсег. За сето ова да го почувствувате (доживеете) на друг начин, ќе ви треба многу скапа и квалитетна хај-фај аудиоопрема. Со помош на засилувачот за слушалки можете да си овозможите пријатен одмор во добра и пријатна музика без да ги вознемирувате останатите членови во вашиот дом. Единствен недостаток, ако така може да се каже, на овој стереоаудиозасилувач е што поседува само еден излез за приклучување на слушалки, па со тоа е оневозможено истовремено слушање музика на двајца, па и повеќе слушатели. Влезот на овој стереозасилувач за слушалки со помош на квалитетен стереоаудиокабел директно се приклучува (поврзува) на излезот од квалитетен ЦД, ДВД или некој друг извор на аудиосигнал. Од квалитетот на приклучениот аудиоизвор и од квалитетот на приклучените слушалки на излезот од засилувачот во најголем дел ќе зависи квалитетот на звукот, односно квалитетот на репродуцираната музика. Ако овие предуслови ги исполните и за слушање употребите оригинално квалитетно ЦД со музика по ваш избор, еднаш кога ќе ја слушнете музиката на овој засилувач тешко дека ќе посакате да слушате музика на некој друг аудиосистем.
Излезна моќност (за 1kHz синусен сигнал): 427 mW на 32 Ω, 262 mW на 64 Ω, 35 mW на 600 Ω, 10 mW на 2000 Ω, Чувствителност (осетливост): за влез 140mV излез 1Vrms на 32 Ω (31mW), за влез 500mV излез 3,5Vrms на 32 Ω (380mW), Фреквенциски опсег: 20Hz до 80kHz на -1dB. Изобличувања (THD) на 32Ω и 1kHz: 0,005% за излез од 1V, 0,015% за излез од 3V, 0,018% за излез од 3,65V (пред клипинг). Изобличувања (THD) на 32Ω и 10kHz: 0,02% за излез од 1V, 0,055% за излез од 3V, 0,1% за излез од 3,65V (пред клипинг).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.