Хемија

Сакате ли да го возите својот автомобил со евтино и еколошко гориво? Тогаш направете сами биодизел со рециклирање и преработка на прегорено прехранбено масло. Во претходниот број дадовме упатства за изработка на соодветен сад (т.н. "реактор") за оваа постапка, како и совети за подготовка на прегореното масло. Во овој напис следуваат постапките за преработка на маслото во биодизел, кој ќе ве чини само третина од моменталната цена на дизел-горивото кај нас.


Омнибус

Фондацијата за икс-награди (X Prize Foundation) е основана со цел да поттикне радикални иновации од корист за човештвото. Фондацијата организира повеЌе натпревари кои имаат за цел да ги мотивираат поединците и организациите да излезат со решенија за предизвиците со кои се соочува човештвото. Наградите на овие натпреварувања изнесуваат по неколку десетици милиони долари, а целта е да го привлечат вниманието на јавноста кон областа за која се однесува.


Автомобилска техника

Најпоправуваниот систем од автомобилот е системот за кочење (или сопирање). За постарите автомобили, оваа констатација е, со гаранција, точна. За понеискусните автомеханичари и оние кој сами се пробиваат во автомеханичарскиот занает, поправката на овој систем лесно може да се претвори во "ноќен кошмар" или комплекс. За успешно справување со него, потребни се темелни практични познавања од механизмите и хидрауликата, а во поново време (за АБС-от) и електрониката.


Астрономија и астронаутика

Оваа година е Меѓународна година на астрономијата прогласена од УНЕСКО. По тој повод ЕМИТЕР ќе се обиде да ја приближи астрономијата до читателите со повеќе пригодни статии, како и со овој курс за астрономи - почетници. Модерната астрономија го истражува целиот универзум и неговите различни форми на материја и енергија.


Аудио и видеотехника

Откако во првиот дел од овој напис ја разгледавме технологијата на ЛЦД-дисплеите во овој, втор, дел ќе се задржиме на плазма екраните. На крајот од овој дел ќе дадеме и споредба на ЛЦД и плазма екраните со низа совети за избор на ЛЦД или плазма компјутерски монитор и ТВ-приемник.


Информатика

Речиси и да нема корисник на интернет кој не е запознаен со и-меил или instant messaging програмите. За неколку години, интернетот комплетно го смени начинот на комуникација помеѓу корисниците, со еден исклучок, телефонот. Сä уште ништо не го има заменето комуницирањето преку телефон, кревајќи слушалка или бирајќи го бројот, и се чини дека ништо нема да го замени овој начин на звучна комуникација, како што и-меилот го замени пишаното писмо.


На граница на науката

Величествените пирамиди во Египет предизвикуваат стравопочит за секого кој застанал под нивната сенка. Блиску до неверојатното делува тврдењето на науката дека тие грамадни градби ги направиле речиси голораки поданици на фараоните. Некои тврдат дека пирамидите се направени од страна на дамнешни, непознати цивилизации, па дури има и хипотези за вонземно замешување.


Телекомуникации

Во последниве години телекомуни- кациските системи доживуваат енормно брз и иновативен развој. Во тој поглед, антените и антенските системи, како составен дел од секој безжичен комуникациски систем, го доживуваат истиот тој развој. Особено актуелни се интелигентните антенски системи, познати и како смарт антени. Од тие причини, ќе разгледаме некои конкретни принципи, стратегии и архитектури на ваквите антенски системи, условите во кои работат, како и нивните основни карактеристики.


Фототехника

Продолжуваме со серијата написи за работа со програмите за обработка на фотографии. Овој пат ќе обработиме еден класичен пример на употреба на маска обработен во Adobe Photoshop CS2. На ист или сличен начин оваа обработка може да се изврши во програмите од конкурентските фирми, бидејќи нема сериозна работа во светла комора без изработка и користење маски.


Астрономија и астронаутика

Хабл ги направи некои од најмоќните фотографии на универзумот во којшто живееме. Но, повеќе од 19 години поминати во вселената оставија траги на него. Сепак со последната сервисна мисија најпознатиот вселенски телескоп се препороди. Сервисната мисија 5 којашто беше извршена во текот на минатиотмесец му го поврати стариот сјај на Хабл и му го продолжи векот на служење до 2014 година. За што сä беше заменето, поравено и подновено прочитајте во написот што следи.


Аудио и видеотехника

Grass Valley THOMSON е производител на врвна светска телевизиска и видео HD опрема. Дека тоа е така потврда се шестте "Еми" награди за технички квалитет, за HD камери, за иновации и креативни идеи. Презентацијата се одржа под покровителство на фирмата VISION и се разликуваше од други презентации на опрема по интерактивниот карактер кој се одвиваше во 4 сегменти.


Електроника

Трипинските напонски стабилизатори (7805, 7809, 7812 и 7815) се често употребувани компоненти во електронските конструкции. Тие се едноставни, евтини и имаат вградена заштита од краток спој на својот излез. Но, имаат и недостатоци. Сепак, постои трик со кој овие недостатоци можат да се надминат, а ние ќе ви покажеме како.


Електроника

Каква е нивната градба и како функционираат? На кој принцип е остварена рационализација на потрошувачката на електрична енергија? Како се постапува со флуресцентните цевки? Што може да се прави со употребувани стартери? На овие прашања ќе најдете одговор во написот што следи а тоа може да ви предизвика желба за експериментирање и градба на електронски стартер со кој повторно ќе засветат делумно истрошените флуросцентни цевки.


Информатика

Често пати ми се случува да бидам во дилема за тоа кој софтвер да го препорачам кога некој познаник ќе ми се обрати со прашањето како и кој софтвер да го користи за да изврши конверзија на одредена мултимедијална содржина во друг формат. Во време кога сме преплавени со понуда на различни апликации од овој тип, изборот навистина не е лесен, па затоа посочувам повеќе парчиња софтвер.


Информатика

За причините кои доведуваат до забавување на брзината на работата на компјутерот, сме говореле во неколку наврати. Дефрагментацијата на датотеките снимени на тврдиот диск претставува една од нив. Се работи практично за поставување на различни фрагменти од една апликација или датотека, на различни локации на тврдиот диск, кои многу ретко се наоѓаат една до друга.


Информатика

Има повеќе години откако компанијата Western Digital го претстави својот оригинален тврд диск од серијата Raptor со големина од 36 GB со SATA интерфејс. Моделот користеше единечна 3,5-инчна плоча која се вртеше со 10000 вртежи во минута.


Информатика

Појавата на Intel Core i7 линијата на процесори при крајот на минатата година, донесе многу новитети кои претставуваа вистински предизвик за ентузијастите. Се разбира, за да можеше да се користат овие процесори беше потребна и соодветна матична плоча како и DDR3 меморија, кои како и обично, во почетокот имаа навистина голема цена.


Информатика

До неодамна видео- конференциите можеа да се видат само на филмското платно и ретко која компанија се одлучуваше да оддели дел од буџетот за ваква "непотребна" хај-тек играчка. Но, глобализацијата ги натера компаниите се повеќе да размислуваат за соработка со партнери и надвор од границите на државата во која се стационирани. Па така од играчка, системите за видеоконференции прераснаа во реална потреба.


Медицина

Геномот крие многу одговори коишто се однесуваат на наследните особини но дешифрирањето на одеше полека и чинеше скапо. Мапирањето на првиот персонален геном беше една топ-темите во 2007 година. Лани за првпат беше направена и "евтина" варијанта на оваа процедура со помош на која заинтересираните ќе може да дојдат до некои одговори во врска со поседувањето на генетски маркери за некои болести. До каде се работите стигнати на ова поле дознајте од написот што следува.


Омнибус

Започна изградбата на досега најголемиот LED дисплеј;
Цедињата го слават 30-тиот роденден;
Спектакуларна глетка;
Нов Datatraver од Kingston;
Динамичниот Меркур;
Русија ќе испрати живот на Фобос;
Касперски доби награда за наука и технологија;
Mozilla Firefox 3.5 Beta;
VHS касетите заминуваат во историјата;
Мравки - Амазонки;
Skype за iPhone и Blackberry;
Монт Еверест;
Снимање ТВ преку веб;


Електроника

Да се изработи квалитетен и со одлични карактеристики хај-фај стереозасилувач за слушалки е предизвик за секој електроничар. Поради тие причини, во проектов што ќе го проследите е опишан и изработен квалитетен и релативно евтин засилувач за слушалки кој работи во чиста А-класа, кој ако го изработитите ќе бидете многу пријатно изненадени од квалитетниот чист звук што го испорачува на неговите излези.


Астрономија и астронаутика
Мешавина од ѕвездени струења на десетина сателитски мини-галаксии кои орбитираат околу нашата галаксија

Стотина сателитски мини-галаксии орбитираат околу нашата галаксија Млечен Пат, која со своето гравитациско дејство ги раскинала нивните структури, создавајќи "струења" на нивните ѕвезди кон нашата галаксија, каде тие "емигрираат" и се асимилираат со нашата староседелска ѕвездена популација.


Информатика
Приказ на дел од внатрешноста на квантниот компјутер Orion

На пазарот секојдневно се појавуваат нови и побрзи процесори, графички картички и мемории. Сето тоа доведува до зголемување на брзината на работа на компјутерите кои во принцип сите имаат нешто заедничко - се базираат на силициумски чипови. И додека многу лабаратории на познати производители сè уште експериментираат со сè помали и помали чипови, некои други веќе одамна го насочуваат својот поглед во иднината.


Електроника

Интегрираниот тајмер 555 најчесто се користи како моностабилен (ММВ) или како астабилен (АМВ) мултивибратор. Малкумина се фаќаат за 555-ката кога им е потребен компаратор со екстремно голем хистерезис. А ова интегрирано коло е како создадено за таа намена.


Електроника

Се случува кога ги гледате омилените канали на вашиот ТВ-приемник тие да имаат неквалитетна слаба слика со шум или, пак, со вртење на копчето за бирање ФМ-радиостаници од вашиот ФМ-радиоприемник, да нагодите станица со слаб сигнал во која има пречки или шум - сето тоа доаѓа од слабиот сигнал кој доаѓа од антената. За да го засилите овој сигнал и да го подобрите приемот на вашиот ТВ или ФМ-радиоприемник, запознајте се со овој мал засилувач кој целосно е опишан во овој проект.


Писма
Повеќе радиоаматерски написи
Никон со 300dpi против Канон со 72dpi?
Како до вредноста на изгорен отпорник?
Дали е безбедно отворање на куќиште на транзистор?
PC напојување како независен извор
Камената библија веродостојна како библијата