Рубрика: Астрономија и астронаутика
Ѕвезди емигранти во нашата галаксија
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Мешавина од ѕвездени струења на десетина сателитски мини-галаксии кои орбитираат околу нашата галаксија

Стотина сателитски мини-галаксии орбитираат околу нашата галаксија Млечен Пат, која со своето гравитациско дејство ги раскинала нивните структури, создавајќи "струења" на нивните ѕвезди кон нашата галаксија, каде тие "емигрираат" и се асимилираат со нашата староседелска ѕвездена популација. Студија за обликот на тие ѕвездени струења, нуди нова метода за утврдување на количеството и на дистрибуцијата на енигматичната темна материја.

Кога ние гледаме во ноќното небо, ги гледаме сите ѕвезди кои се во состав само на нашата галаксија, Млечен Пат. Имено, најблиската друга голема галаксија до нас, Андромеда, е оддалечена повеќе од два милиони светлински години, или 20 пати повеќе отколку што е пречникот на дискот на нашата галаксија. Од тука, природно е да сметаме дека сите ѕвезди, коишто ги гледаме со “голо око”, се “родени” и “израснати” во границите на нашата галаксија. Но, не е така, ако гледаме преку уреди за опсервација, ќе забележиме и некои ѕвезди своеглаво растурени низ галаксијата, кои според своето движење и хемискиот состав, се атипични за нашата галаксија. Најкарактеристичен пример е ѕвездата Arcturus, втората најсјајна ѕвезда на северното небо. Потеклото на тие ѕвезди беше тема на астрономите уште од 1960 год., но тие се усогласиле  дури во последнава година дека тие ѕвезди се “емигранти”, или подобра метафора е “доселени поданици”. Тоа значи дека тие ѕвезди биле родени во некои други, помали блиски галаксии, а потоа заробени од нашата галаксија.

Компјутерска симулација  која покажува како силата на плима од нашата галаксија дејствува во растурање на една џуџеста галаксија, формирајќи од нејзините ѕвезди  струење кон нашата галаксија.

Откритието дека во составот на нашата галаксија се вградени ѕвезди од туѓи галаксии, внесе револуција во досегашното теоретско сфаќање за создавање на галактичките формации. Имено, досега астрономите сметале дека сите галаксии се развиле директно од материја со нешто поголема густина, при што ѕвездите се формирале од парцијални згуснувања на таа материја. Но, денес астрономите сметаат дека на таков начин се формирале само “џуџести” (мини) галаксии, додека големите галаксии, како што е нашата, се формирале подоцна со акреција (спојување) на мини-галаксиите, процес, кој е во тек и денес.

Клучни зборови:
Мешавина од ѕвездени струења на десетина сателитски мини-галаксии кои орбитираат околу нашата галаксија

Мешавина од ѕвездени струења на десетина сателитски мини-галаксии кои орбитираат околу нашата галаксија. Струењето на ѕвездите од џуџестата галаксија Сагитариус е покажано со златна боја.

Компјутерска симулација  која покажува како силата на плима од нашата галаксија дејствува во растурање на една џуџеста галаксија

Компјутерска симулација која покажува како силата на плима од нашата галаксија дејствува во растурање на една џуџеста галаксија, формирајќи од нејзините ѕвезди струење кон нашата галаксија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.