Рубрика: Астрономија и астронаутика
Црните дупки во центрите на галаксиите
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денес астрономите сметаат дека, во центарот на речиси секоја галаксија, се наоѓа супермасивна црна дупка. Набљудувањата наметнуваат дека постои директна поврзаност меѓу масата на таа црна дупка и вкупната маса на средишниот регион на галаксијата, најгусто населен со ѕвезди. Парадокс: тие црни дупки можат да бидат најсилни светлински извори во универзумот!

Црните дупки веќе неколку пати беа предмет на разгледување на нашето списание (види текст во рамка), па овде нема да се повторуваме, туку за нив ќе пишуваме на една поинаква, досега неекспонирана тема. Таа произлезе од најновите научни сознанија дека во центрите на голем број галаксии, ако не кај сите, се наоѓа супермасивна црна дупка, милион до милијарда пати помасивна од нашето Сонце, која под одредени услови може да се однесува како најсјаен светлински извор во универзумот!? Можеби тоа ви звучи чудно: како може објект кој во себе голта сè вклучувајќи ја и светлината, да биде јак светлински извор!? Па, тогаш малку ќе ја преиначиме таа формулација: темата се однесува на улогата на црните дупки како "активатори", коишто го зголемуваат сјајот на објектите во чии центри се наоѓаат тие. Дали сега погодувате за кои објекти станува збор? Ако сте помислиле на квазарите, тогаш сте погодиле.

Клучни зборови:

Фотографија на најблискиот до нас квазар 3C273, направена од Хабл

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.