Емитер 6/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На пазарот секојдневно се појавуваат нови и побрзи процесори, графички картички и мемории. Сето тоа доведува до зголемување на брзината на работа на компјутерите кои во принцип сите имаат нешто заедничко - се базираат на силициумски чипови. И додека многу лабаратории на познати производители сè уште експериментираат со сè помали и помали чипови, некои други веќе одамна го насочуваат својот поглед во иднината. Квантните компјутери како идеја се појавуваат уште во седумдесеттите години од минатиот век, но се чини дека денот кога тие ќе станат реалност и не е толку далеку. Новата генерација на квантни компјутери, според некои, може да стапи на сцена веќе во 2015 година.
Првата насока за искористување и примена на квантните појави во информатичката технологија ја посочил нобеловецот Ричард Фејнмен (Richard Feynman - слика 2) во 1981 година. Тој на состанок одржан при Институтот за технологија Масачусетс (Masaachusetts Institute of Tehnology), САД го изнел своето мислење дека еден таков компјутер кој би ги искористувал квантните појави, би можел точно да го симулира кој било физички систем, за разлика од класичните компјутери кај кои таквата симулација е секогаш само приближна. Во 1985 година Дејвид Детш (David Deutsch) го воведува концептот на универзален квантен компјутер.
Првиот D-Wave 16 кубитен процесор
Добро, постои ли можност да се направи квантен компјутер? Постои, секако. Потребно е само да се оствари едноставна квантна логичка порта која ќе изведува операции на квантни суперпозиции и истите ќе ги интегрира во квантни склопови. Квантна порта би требало да претставува логички уред кој ќе може некоја произволна квантна состојба да ја претвори во некоја друга по избор.
Но, за да може да се искористи целокупниот потенцијал на една машина, во случајов на квантниот компјутер, потребен е одреден алгоритам кој ќе биде приспособен кон неа.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.