Рубрика: Информатика
Квантни компјутери – поглед кон иднината
Автор: Андреја Митески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 207 - 12/2024.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Квантен компјутер, за што е потребен и како е изграден? Кои се ограничувањата на класичните компјутери? Кои се проблемите при изработката на квантните компјутери, и што е квантна надмоќ? Каде и како се употребуваат квантните компјутери?

Во написов што следи даваме одговор на овие прашања.

Компјутерите се навлезени во сите пори на секојдневието. Нај­актуелна е вештачката интели­генција, но ако повнимателно пог­лед­неме околу нас, ќе забележиме дека нема дејност околу нас која, во поголема или помала мерка, не е ком­пју­­те­ри­зи­рана. Навидум, компју­те­рите ги задоволуваат потребите на лу­ѓе­то и кога ќе се спомене огра­ни­ченоста на компјутерите не ни е јасно за што ста­ну­ва збор. Па, да се потсетиме: ниту еден калкулатор не може да пресмета факториел од поголемите двоцифрени броеви, а од троцифрени, не можат дури ни компјутерите. За сите што се прашу­ваат “А за што би ни требале такви факториели?”, да разгледаме една ваква задача во три чекори:

1) Распредели 3 лица во 2 возила. Одговор 23 = 8

2) Распредели 25 лица во 2 во­зила. Одговор 225 = 33 554 432

3) Распредели 100 лица во 2 во­зила. Одговор 2100 = 1 267 650 600 228 229 401 496 703 205 376

За решавање на задачата под ре­ден број 3 на најмоќниот су­пер компјутер би му биле потребни 4,6 • 1035 денови (нека се и секунди, тоа ништо не менува), што е ПОВЕЌЕ од цело­куп­­ното време на постоење на нашата вселена. Сега, како и по­рано впрочем, се ко­рис­тат апроксимативни / приближни ме­тоди за прес­метка, кои до опре­делено ниво се точни или не, но пот­ребите од поточни пресметки се секо­гаш ак­туел­ни.  Од друга страна квант­ниот ком­пјутер би ја решил задачава за неколку секунди!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 207 - 12/2024. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.