Емитер 2/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ви ја претставуваме третата, најсовршена варијанта на засилувачот во класа А, во single-ended конфигурација со електронска цевка PCL86. Разликата во однос на претходната, втора вартијанта е во малку поголемата осетливост, односно поголемото засилување на влезниот сигнал, но максималната излезна моќност останува иста: 1,2 W при 3% THD. Количината на глобалната негативна повратна врска повторно е 6 dB и токму затоа изобличувањето и фреквенцискиот опсег остануваат идентични со претходната варијанта.
Во минатиот број на ЕМИТЕР ги претставив погодностите од употребата на глобална негативна повратна врска, применета кај проектот single-ended засилувач со ламбата PCL86. Конкретната реализација на негативна повратна врска беше наједноставната можна – со изоставување на кондензаторот во катодната гранка на првата триода. Недостаток на ваквото изоставување на кондензаторот е намалувањето на осетливоста на засилувачот, односно потребен е малку повисок влезен сигнал за да се добие иста излезна моќност. Ништо страшно, освен за извори на звук со (пре)мал излезен напон. Со мало надополнување на шемата со само еден отпорник, кондензаторот во катодната гранка може да остане и на тој начин да се поврати добар дел од осетливоста на засилувачот. Ако повторно ја употребиме истата количина негативна повратна врска, изобличувањата и фреквенцискиот опсег ќе бидат исти како и во претходниот случај.
Конфигурација: Single-ended засилувач
Фреквенциски опсег: 20Hz - 23kHz (-3dB)
Излезна моќност: 1,2W / 4Ω (THD=3%)
Изобличувања: THD=0,9% (при Po=0,45W)
- втор хармоник = - 42,2 dB (0,78%)
- трет хармоник = - 62,2 dB (0,08%)
- четврти хармоник = - 71,5 dB (0,026%)
Електронска цевка: PCL86;
Излезен трансформатор: 10k : 4Ω
Потенциометар: 500k/log
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.