Емитер 9/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постојат многумина самоградители кои направиле извонредни дела, уреди кои честопати се иновативни или имаат подобар квалитет од фабрички изработените, уреди во кои секогаш е вграден духот на самоградителот, тоа се уникатни творби, вистински бесценети бисери. За многумина можеби е зачудувачки, но еден таков пасиониран електроничар и аудиофил е токму првиот човек на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов. ЕМИТЕР ја имаше таа чест од прва рака да се запознае со неговите врвни самоградителски дострели од областа на електрониката и аудиотехниката, како и со неговиот пат од љубопитно дете до врвен хоби-електроничар. Проследете ја и вие оваа исклучително интересна сторија.
Воопшто не е тешко пасионираните електроничари и аудиофили да испливаат на површината во рамките на својата фела. Но, ако се работи за електронски и аудиоуреди создадени во домашната работилница и тоа со докажано врвен квалитет, е тоа е веќе нешто многу сериозно кое не може тукутака да остане настрана дури и за пошироката јавност. Кога на ова ќе се додаде и извонредната срдечност, отвореност, како и подготвеноста за соработка и размена на искуства и знаења од ова поле, тогаш навистина ЕМИТЕР и пошироката читателска публика имаат голема среќа со својот соговорник во оваа репортажа.
За многумина можеби изненадување, но не и за електроничарската и аудиофелата во Македонија и на поширокиве балкански простори - пасионираниот емитерџија, електроничар, самоградител, аудиофил и трагач по совршениот звук е токму претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Го посетивме претседателот во неговата резиденција на Водно и низ долг и срдечен разговор го "поминавме патот" од првиот електромагнет, направен во петто одделение на часовите по ОТО, до најновиот high-end лампашки засилувач во single ended спој, чија изработка е во тек.
Почетоците на претседателот во техниката се на некој начин класични, особено за она време од пред 30-40 години. На прво место е љубовта кон техниката која секогаш тлее кај технички ориентираните личности. Потоа доаѓа поттикот од технички ориентираните предмети во образовниот систем како физика, хемија и ОТО (општо техничко образование). На тоа се надоврзуваат и други фактори кои го распалуваат и рашируваат огнот: родителите, другарите, секциите и техничките клубови, списанијата и, во поново време, интернетот.
Но, да не должиме многу и да ја проследиме сторијата за Ѓорге Иванов, но не како претседател, професор и доктор по политички науки, туку како електроничар, аудиофил и самоградител со резултати кои се за секоја почит.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.