Рубрика: Електроника
TDA8560 – Максимална моќност на аудиозасилувач напојуван од автомобилски акумулатор
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога зборуваме за аудиоуреди во нашиот автомобил, наидуваме на многу пречки во нашето настојување да добиеме одличен квалитет и висока верност на звукот. Тука тие во прв ред се: високото ниво на бучава во кабината, големото присуство на електромагнетни пречки и релативно малиот напон на акумулаторот, кој не дозволува на едноставен начин да се добијат големи моќности на излезниот сигнал. TDA8560 како да наоѓа вистински баланс меѓу овие три лимитирачки фактори.

Првата генерација интегрирани аудио излезни засилувачи во мостна спрега наменети за користење во автомобилот, предводена во сега веќе легендарниот TDA1518, како да нè заслепи со своите максимални 24W RMS на оптоварување од 2 Ω па и не баравме повеќе од тоа од еден аудиозасилувач напојуван од 12-те волти од автомобилски акумулатор. Навистина, многу години TDA1518 претставуваше референца и многу експлоатирано решение, како кај производителите на авторадио-касетофони, така и кај градителите-ентузијасти. Денес овие едноставни но моќни решенија со TDA1518 сè уште се присутни во градбите на ентузијастите, иако ова интегрирано коло не се произведува повеќе 10 години! Имено, со појавата на масовно производство на авторадио ЦД-плеери, десетина години наназад, се воспостави една нова, поквалитетна генерација интегрирани аудиозасилувачи за во автомобили предводени со стандардниот TDA8560, кој обезбедува цели 2 x 40 W RMS на оптоварување од 2 Ω што претставува апсолутен максимум што воопшто може да се добие од аудиозасилувач во мостна спрега и напојуван од автомобилски акумулатор. Во моментот се смета дека генерацијата TDA856x (TDA8560, 8563, 8566, 8667, 8568 и 8571) се вградува во повеќе од 40 милиони аудиоуреди годишно и нема навестувања дека ќе биде прекинато нејзиното производство во некоја блиска иднина. Ете, затоа и јас одлучив да ви презентирам едно мошне едноставно решение со ова ИК, кое се надевам ќе го привлече вашето внимание.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1306
ИК: TDA8560
 
Клучни зборови:

Наједноставна изведба на засилувачот, без колото за stand by и mute.

Наш предлог за максимална моќност на аудиозасилувач напојуван од акумулатор.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.