Емитер 12/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Блага портокалова светлина од жарење на грејачот на катодите, пријатна топлина што зрачи од малите стаклени балони, мек и богат звук ... тоа мора да е лампашки засилувач! За сите оние љубители на романтичниот ретро звук, најпосле еден проект за лампашки интегриран засилувач во класа А, во single-ended конфигурација со електронската цевка PCL86.
Ламбата ECL86 и нејзината сестра-близначка PCL86 (разликата е само во напонот на греење на катодите) се направени на самиот крај од златната ера од владеењето на електронските цевки. Со појавата на транзисторите електронските цевки брзо губат во таа нерамноправна борба. Денес само некои ретки, постари аудиофили, им останаа верни на засилувачите со електронски цевки. Но, повремено кај новите поколенија има спорадични случаи на пројавување интерес за оваа тема и овој проект е наменет токму за нив, практично да ги запознаат засилувачите со електронски цевки. Ламбата PCL86 многу се користеше во тогашните црно-бели телевизори (знаете дека тогаш немаше ТВ во боја? Незамисливо, нели?) и во квалитетните радија. Таа одамна веќе не се произведува, но сè уште постојат залихи на неотпакувани и неупотребувани електронски цевки, кои општо се означуваат со кратенката NOS (New Old Stock). Токму поради големата употреба и големото производство, денес лесно се наоѓаат големи количини PCL86 по ниска цена. Од друга страна, идентичната ECL86 е ретка и се продава по висока цена. Јас на времето купив одредена количина NOS ламби PCL86, производ на тогашниот југословенски гигант Elektronska Industrija (Ei) од Ниш (Србија). За овој проект ќе го користам поврзувањето на пентодата како триода, за едноставен single-ended засилувач во класа А. Проблемот кај засилувачите со електронски цевки е што им е потребен излезен трансформатор, кој носи висока цена ако сакаме да биде квалитетен. Кај single-ended засилувачите има дополнителен проблем – тој излезен трансформатор мора да има јадро што е пресечено со воздушен процеп. Таквите трансформатори се многу поскапи од оние за пуш-пул конфигурација, ако ги споредуваме по иста излезна моќност. Што да правиме сега? Има решение – пред некое време извадив од некои стари и употребувани уреди неколку десетици такви излезни трансформатори, па заинтересираните можат да ги купат по ниска цена. Напоменувам дека овие трансформатори не можат да се пофалат со некој висок квалитет, но мислам дека успешно ќе ја извршат својата функција.
Во делот Мерења (страница 40) се поткрадна печатна грешка – наместо "доминира вториот хармоник со ниво од –6 dB" треба да стои: "доминира вториот хармоник со ниво од –36 dB".
На слика 5 (страница 40), под дијаграмот стојат нивоа за хармониците кои останале од некое друго мерење. Вистинските нивоа на хармониците се:
- втор хармоник = –36 dB (1,58%)
- трет хармоник = –66 dB (0,05%)
- четврт хармоник = –76 dB (0,015%)
Оваа грешка е коригирана на дијаграмот подолу на оваа страница.
Конфигурација: Single-ended засилувач Фреквенциски опсег: 43Hz - 11kHz (-3dB) Излезна моќност: 1,2W / 4Ω (THD=3%) Изобличувања: THD=1,64% (при Po=0,45W) - втор хармоник = –36 dB (1,58%) - трет хармоник = –66 dB (0,05%) - четврти хармоник = –76 dB (0,015%)
Електронска цевка: PCL86; Излезен трансформатор: 10k : 4Ω Потенциометар: 500k/log
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.