Емитер 7-8/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Да се сместат сите актуелни опции карактеристични за фотоапаратите од високата категорија и AVCHD видео во компактно куќиште, притоа со изменлив објектив и со најголемиот CMOS сензор, во моментов е вистинска уметност и технолошки триумф. Со моделот Alpha NEX-7, Sony го постигна токму тоа! Пред самото затворање на овој број го добивме Alpha NEX-7 на тестирање од претставништвото на Sony во Скопје, па во текстот што следи ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци.
Кога во 2010 се појавија Sony NEX-5 и речиси идентичниот модел NEX-3, никој не можеше да предвиди на каков добар прием ќе наидат овие два фотоапарати кај купувачите. Компактните димензии, изменливиот објектив со можност за адаптација и вградување огромен дијапазон други објективи и високиот квалитет на фотографиите беа клучните адути со кои се атакуваше на категоријата корисници кои сакаат да ги заменат своите мали дигиталци со модел од SLR категоријата, и кои истовремено се помалку подисплашени од можностите, огромниот број опции и релативно големата сложеност на DSLR категоријата апарати. Одличниот прием беше добар знак дека во Sony направиле одлична работа со моделите NEX, и дека е време за нов NEX-модел. Крајот на минатата година го обележа појавувањето на NEX-7, кој пред самото затворање на овој број го добивме на тестирање од претставништвото на Sony во Скопје.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.