Емитер 11/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Што е телефон? Според старата дефиниција, телефон е систем кој ги претвора акустичните вибрации во електрични сигнали за да може да се пренесат на далечина. Се пронаоѓа ли денешниот мобилен телефон во оваа дефиниција? Не, телефоните денес се многу повеќе од пренесувачи на звук само поради здравата конкурентска борба меѓу компаниите што се лидери во високата технологија.
Приказната почна прилично наивно. Од токи-воки израсна безжичниот телефон, па преку автомобилски, стана мал мобилен телефон. Мобилните телефони се намалуваа сè до деведесеттите, кога Nokia ја вметна првата интегрирана камера во концептот на "Комуникатор". Тоа веќе престана да биде телефон. Битката на пазарот на мобилна технологија стана жестока. Тоа доведе до подобрување на уредите од сите аспекти. Се зголеми брзината на хардверот, се развива подобар софтвер, се воведуваат нови интерфејси, екран со допир... Телефонот почнува да расте повторно. Да станува сè поголем. Во индустријата, конкретно за камерите, влегоа и познатите имиња од фотоиндустријата Carl Zeiss оптика, Leica… Фотосензорите пораснаа во пикселажа, станаа подобри и поосетливи. Брзините на процесорите во телефоните се изедначија со компјутерите. Обработката на видео во HD резолуција стана достапна. Програмите во мобилните телефони се поврзаа со социјалните мрежи и почнаа да делат информации насекаде. Животот и "сајбер" животот се споија преку овие мали гиганти кои сè повеќе прераснуваат во лични комуникатори.
Во блиска иднина повеќе нема да ни треба лична карта, здравствена книшка, кредитна картичка, домашен компјутер, телевизор, радио... Звучи како научна фантастика? Верувам дека во деведесеттите, камерата со огромен квалитет која се прикачува на телефонот за да може да се споделуваат квалитетни фотографии и HD видеа на социјални мрежи, звучела како научна фантастика. Но, ете, денес го имаме новиот концепт на SONY кој се нарекува Cyber-shot DSC-QX100.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.