Рубрика: Фототехника
Фотокамера Sony Alpha ILCE-A5000 – мало не значи лошо
Автор: Јане Стефанов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Гледајќи ги старите фотографии наредени во албумите на моите родители, се прашувам како може тоа парче стара фотохартија на која со размачкани бои се појавува ликот на минатото да предизвикува толкав емотивен набој. Може затоа што фотографијата е кралица на нашите спомени. За разлика од минатото, кога родителите давале сè од себе за да направат фотографија со камерата Adox Golf, денес ги имаме одличните перформанси на Sony Alpha ILCE-A5000, кој ќе ни го олесни животот.

Фотографирањето го олеснуваат сите произведувачи во новите модели на дигитални фотоапарати за масовна употреба. Новите технологии ни овозможуваат да направиме подобри, поквалитетни и навремени фотографии. Заробени делови од минатото, иницијатори на некоја идна насмевка или воздишка. При изборот на фотоапаратот што сакаме да го купиме клучни се три прашања: • За што сакаме да го користиме? • Со какви фотографски вештини располагаме? • Колку пари имаме за трошење? Врз основа на овие критериуми, оваа камера ја дефинираме како идеална алатка за напредни почетници или мрзливи полупрофесионалци. Што има Sony A5000 на располагање? Има 20,1 мегапикселен Exmor APS HD CMOS сензор, BIONZ X процесор, full HD AVCHD (60i/50i/25p/24p) видео, 3-инчен дисплеј кој се ротира за 180° со резолуција од 460800 точки, вграден блиц, зум контролиран од три места, 4 едноподруго, детекција на контраст и автофокус во 25 точки, 1200 сегменти што ја мерат експозицијата, Auto Object Framing режим, многу ефекти, Wi-Fi, поврзување со допир (NFC - Near Field Communications) и батеријата трае 480 фотки. Вака сумирано, има значење за мал дел од чита-телите. За другите, да почнеме од почеток.

Клучни зборови:

Природни бои: Flash Not used; Focal lenght 50mm; Expositure time 1/250; F Number f/11; ISO 100

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.