Рубрика: Фототехника
Дигитални фотоапарати
Автор: Тони Коцев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Некаде прочитав дека дигиталната фотографија е нова младост на фотографијата. Сепак, мислам дека не би можело да се каже дека фотографијата воопшто некогаш застарела или заостанала во развојот. Напротив, таа го држи чекорот со технолошкиот напредок. Во овој напис накусо ќе видиме како настана дигитализацијата, на кој начин функционираат современите дигитални апарати и кои се предностите и мааните на новата технологија.

Дека  фототехниката го држи чекорот со технолошкиот напредок сведоци сме и ние самите – модерните и моќни фотолабораториски машини ги има во речиси секој од нашите градови. Тука, секако, треба да се споменат и фотоматеријалите и хемиските постапки, кои исто така се усовршени до таа мерка, што за производство на една фотографија, почнувајќи од развивање на филм, копирање и развивање на хартијата се потребни само неколку минути.

Значи, дигитализацијата на фотографијата како процес е само нормален развој на настаните. Основата е иста, пишување со светлина. Сеедно дали се работи за дигитална или конвенционална снимка, неможно е да ја направите без светлина. Разликата е во трошокот во време, комодитет и нормално во цена. Сепак, и дигиталната фотографија како и класичната има свои предности и недостатоци, односно ограничувања.

Дигитален полупрофесионален фотоапарат Canon EOS D30 и макро-снимка направена со него

Сè започна со појавата на скенерите преку кои се овозможи дигитализирање на фотографијата, односно нејзино внесување во компјутер. Тоа е еден од двата начина за дигитализирање на фотографијата. Вториот начин е со дигиталните фотоапарати кои истовремено е и фотоапарат и скенер. Имено, сликата ја дистрибуира на ист начин како класичните фотоапарати, преку леќи само што сега не на филм, туку на CCD чип. Овој чип е составен од фотоосетливи елементи и кои фотоните ги претвораат во електрони, односно светлината ја претвораат во електрично полнење. За ова полнење да стане информација спремна за сместување во меморија, мора да помине низ еден друг уред, наречен ADC (Analog to Digital Converter), кој пак податоците ги запишува во бинарна форма.

Значи, CCD чипот е основа на повеќето дигитални фотоапарати. Наместо CCD, некои производители на дигитални фотоапарати користат и CMOS чипови, но главно за аматерската програма, од причина што овие чипови се понеосетливи од CCD-то, а со самото тоа и поевтини. ВО последно време сè поприсутен е и таканаречениот Super CCD, кој пак е за уште едно технолошко скалило погоре.

Во продолжување на текстот зборуваме некои од предностите на дигиталните апарати, за досегашните мемориски решенија за зачувување на направените фотографии, за резолуцијата на снимките, графичките формати, типовите на објективи и напојувањето. За крај ја разгледуваме сè поактуелната дебата и прашањата што нè мачат сите, и професионални и аматерски фотографи: Дали сега е вистинско време за премин на дигитален фотоапарат и кои се крајните можности на дигиталните фотоапарати?

 

Написот "Дигитални фотоапарати" може да го прочитате во целост во изданието ЕМИТЕР 2/2002

Клучни зборови:
Дигитален аматерски фотоапарат Sony Cyber-shot 3.3 Mega Pixels

Дигитален аматерски фотоапарат Sony Cyber-shot 3.3 Mega Pixels

Дигитален аматерски фотоапарат Sony Cyber-shot 3.3 Mega Pixels

Дигитален аматерски фотоапарат Sony Cyber-shot 3.3 Mega Pixels

Дигитален полупрофесионален фотоапарат Canon EOS D30

Дигитален полупрофесионален фотоапарат Canon EOS D30

Фотографија направена со Canon EOS D30

Фотографија направена со Canon EOS D30

Дигитален професионален фотоапарат Canon EOS 1D

Дигитален професионален фотоапарат Canon EOS 1D

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.