Омнибус

Крај на успешна мисија на Deep Space 1;
Sony DVP - NS700V;
Marantz ST6000;
Научник на НАСА пронајде шеќер во два метеорита;
Epson ласерски печатачи од серијата 5900;
U.S. Blaster USB 2830;
Срцев by - pass без операција;
Најдобар до сега;
Поврзаноста на астмата и дебелината кај девојчињата;
Разобличувањето на лицето на Марс;
Бебињата ги препознаваат зборовите уште на осум месечна возраст;


Астрономија и астронаутика

Двојните ѕвезди претставуваат ѕвездени системи кои се состојат од две ѕвезди кои можат да имаат различни маси и да се во различни стадиуми на еволуција и кои ротираат околу нивниот заеднички центар на маса. Со користење на посебна форма на Третиот Кеплеров закон, може лесно да се одреди масата на ѕвездите кои се составни делови на двојниот ѕвезден систем.


Астрономија и астронаутика

Хабл - ширечка вселена, примарната експлозија (биг банг), денешната модерна слика на вселената


Аудио и видеотехника

Кога станува збор за слушните тестови, повеќе пати на страниците на ЕМИТЕР сум напишал дека единствен начин да се добијат објективни оценки за квалитетот на звукот на hi-fi уредите е да се организира слеп слушен тест, и тоа со повеќе слушатели (како во минатиот број на ЕМИТЕР). Меѓутоа, во овој случај отстапив од овој закон и направив обичен слушен тест, бидејќи итноста го наложи тоа. Имено, брзав на аудиофилите што поскоро да им презентирам една прекрасна новост: звучникот B&W DM303.


Аудио и видеотехника

Специјализираните микрофони имаат свои предности, како и слабости. Проблемот е, пред сè, во тоа што постои голем јаз меѓу овие две крајности. Тука сега успева да се уфрли Audio-Technica со навистина невообичаено, неочекувано решение преку микрофонот Adaptive Array Microphone AT895. Тоа е една алтернативна микрофонска технологија што нуди супериорни перформанси и подобрена оперативна сестраност за многу аудиоситуации.


Биологија

Татковина на компировата златица е Америка, каде таа се исхранувала со автохтоното растение Solanum rostratum, чиј состав, не овозможува да се изрази биотичниот потенцијал на златицата. Токму поради тоа кон средината на 19 век златицата била редок инсект и ценет од колекционерите.


Електроника

Контрола на уреди од далечина е честа потреба во денешната индустрија. Но, сигурно и Вие некогаш сте имале потреба нешто да вклучите или исклучите во вашиот дом додека сте отсутни од него. Токму во минатиот број на Емитер опишавме уред со чија помош може далечински да се контролираат уреди со посредство на телефонска линија. Во овој број ќе дадеме детални информации за градба и ракување со уредот.


Електроника

Кога станува збор за работа со телеграфија, за да постои контрола врз телеграфските знаци што се генерираат, неопходно е постоењето од звучен монитор. Овој уред генерира тонови кои се еквивалентни на отчуканите телеграфски знаци. Постојат многу едноставни начини да се изгради монитор за телеграфија, но овој пат ќе стане збор за еден комбиниран монитор кој покрај генерирање на тонови нуди и една друга многу поволна можност.


Електроника

Во овој проект ќе биде опишан електронски уред со кој може да се контролира температурата на врвот на лемилото SL-1 која е производ на фирмата SOLOMON. Ова лемило се одликува со моќност на грејачот од 48W и вграден термопар за мерење на температурата на врвот. Избран е токму овој модел затоа што може да се најде насекаде во Македонија и тоа по исклучително поволна цена од околу 600-700 ден.


Електроника

Досега на страниците на Емитер, многупати е пишувано за полначи т.н. "chargeri" на Ni-Cd, Ni-M-H и други типови на батерии. Ова е напис е за "discharger". Не, не е грешка, тоа е испразнувач на батерии. А на кого му е потребен? На секого кој поседува батерии Ni-Cd и соодветен полнач, како независна единица или дополнување на полначот на батерии изграден претходно.


Електроника

Принципот на работа на овој индикатор е заснован на една особина на CMOS колата на која нè и се придава значење при проектирањето на логичките (дигитални) кола. Тоа е варијацијата на напонот на логичкиот праг на преклопување под влијание на промената на напонот на напојување.


Електроника

Интегрираното коло S 566 B претставува регулатор на светлина, кој се активира при допир. По својот состав е комбинација на аналоген и дигитален склоп, поседува мемориски и PLL-дел. Овде ви претствуваме апликација на ова коло која е дадена од неговиот производител.


Електроника

На страниците на Емитер досега имаше објавено неколку шеми за автоматски телефонски преклопник за два или повеќе телефони. Оваа шема дозволува неограничен број телефони кои ќе ги преклопува, едноставна е, нема механички елементи како релеи, не ја ослабува телефонската линија, има оптичка индикација на телефонот кој во тој момент активен, нема прислушкување од другите телефони, има и мал број на елементи.


Информатика

Во динамичниот современ свет пропаѓаат економски гиганти, се случуваат економски колапси, се распаѓаат големи држави, само технологијата продолжува да се движи напред. Дигиталните алатки не само што стануват помали, побрзи и поевтини, туку се инволвираат во секој дел од секјдневието.


Информатика

LG electronics несомнено е една од водечките компании за производство на компјутерски монитори во светот. Овојпат би сакале да го задржиме вашето внимание на најновата генерација на LG - монитори со FLATRON катодна цевка; со право наречени "гордоста на LG”.


Историја и археологија

Плиниј Постариот и Мерцијан со гордост тврделе дека ниту еден град во светот не може да се спореди со Рим: со својот обем од дваесет километри и неговите два милиони жители, со величенственоста на неговите споменици и грандиозноста на јавните градби, навистина Рим претставувал единствен град на светот. Со својата монументалност меѓу многубројните споменици на културата во градот Рим посебно се издвојува познатиот амфитеатар Колосеум во кој се одржувале гладијаторските игри.


Медицина

Во медицинската дијагностика се користат бранови со фреквенција од 1 - 10 MHz, кои од чујниот звук се разликуваат само во повисоката фреквенција. Нивната енергија е мала, па затоа не причинуваат штета но човечкиот организам, со што ехотомографијата се вбројува во групата на неинвазивни дијагностички методи за испитување на морфологијата и структурата на органите.


Телекомуникации

Изминативе неколку години во неколку градови во Република Македонија се изградија мрежи за кабелска телевизија. Огромниот интерес кој го побудија кај граѓаните, ги натера надлежните структури да се заинтересираат за проблематиката и да се обидат да го регулираат законски работењето на CATV-системите. Така, минатата година Советот за радиодифузија распиша конкурс за доделување концесии за градба на CATV-мрежи.


Математика

Линијата е еднодимензионална, рамната површина е дводимензионална, цврстите тела се тридимензионални, но која е четвртата димензија?


Архитектура и градежништво

Обвивките на зградите, фасадите, се предмет на постојано растечки барања, пред сè на потребата за што помали топлински загуби и штедење на енергија. Ова доведе, меѓу другото, до потреба на уште поголеми дебелини на изолацискиот материјал – до точка каде тоа, во извесни ситуации, почна да претставува и проблем. Тоа особено се однесува на одредени санациски постапки и рехабилитации на старите згради.


Психологија

Во минатиот број на Емитер започнав со претставување на еден релативно нов психотераписки правец наречен трансакциона анализа. трансакционата анализа или скратено ТА е теорија на личноста и социјалното однесување како и клинички метод на психотерапија. Се заснова на четири вида анализа и тоа: структурална анализа, трансакциона анализа, анализа на игри; и анализа на сценарија.


Геодезија

GPS (Global Positioning System - систем за глобално позиционирање) e систем за сателитска навигација кој треба да обезбеди податоци за местоположбата и времето на кој било дел на земјината површина и во кој било момент. Рачните GPS-приемници се во широка употреба во најразлични цели кога задоволува точноста од неколку десетици метри. Нивната голема предност е малата цена и малиот габарит.


Автомобилска техника

ABS (Antilock Braking System или Anti Blokier System), односно системот со кој се спречува блокирањето на тркалата, сосем сигурно е најважниот и најкорисниот сериски или дополнителен дел од активната безбедносна опрема на автомобилите. Со негова помош возните карактеристики на автомобилот значително се подобрени, а со самото тоа и безбедноста и сигурноста во возењето. Првиот автомобил со сериски вграден АБС е Mercedes Benz 450 SE, а веднаш потоа фирмата-мајстор за сопирачки Bosch го вградува и во BMW 745i.


Фототехника

Некаде прочитав дека дигиталната фотографија е нова младост на фотографијата. Сепак, мислам дека не би можело да се каже дека фотографијата воопшто некогаш застарела или заостанала во развојот. Напротив, таа го држи чекорот со технолошкиот напредок. Во овој напис накусо ќе видиме како настана дигитализацијата, на кој начин функционираат современите дигитални апарати и кои се предностите и мааните на новата технологија.


Макетарство и моделарство

За секој што на некаков начин стапил во контакт со макетарството и се определил за него како за свое идно хоби, е важно да биде добро упатен кои производи за почеток да ги користи и кон што прво да се определи за да се стекне со доволно искуство за идните предизвици што ги носи макетарството. Во суштина, бидејќи макетарството е збир на вештини за материјализација на реалноста и фантазијата во димензии кои се прифатливи за макетарот, а бидејќи нема јасно ограничување на тоа што сè сразмерно намалено или зголемено може да се материјализира како резултат на работата на макетарот, повеќе ќе обрнеме внимание воздухопловното макетарство што, воедно, треба да биде и паралелен совет за останатите кои се занимаваат со друг вид макетарство.


Писма
Пофалби, забелешки и предлози