Рубрика: Автомобилска техника
ABS – сопирање на рати
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


ABS (Antilock Braking System или Anti Blokier System), односно системот со кој се спречува блокирањето на тркалата, сосем сигурно е најважниот и најкорисниот сериски или дополнителен дел од активната безбедносна опрема на автомобилите. Со негова помош возните карактеристики на автомобилот значително се подобрени, а со самото тоа и безбедноста и сигурноста во возењето. Првиот автомобил со сериски вграден АБС е Mercedes Benz 450 SE, а веднаш потоа фирмата-мајстор за сопирачки Bosch го вградува и во BMW 745i.

Слободно може да се констатира дека сопирачките се најважен дел од склопот на автомобилот. Кога зборуваме за големосериски автомобили веќе не е проблем да се постигнат брзини над 200 километри на час или пак забрзување до 100 километри на час за под 10 секунди, дури и кај автомобилите од пониските класи... Проблем претставува како така забревтаниот автомобил колку е можно побезбедно, посигурно и побрзо да сопре. Притоа, не е многу важно дали автомобилот се движи со 50 или 100 километри на час, особено кога станува збор за влажен и лизгав коловоз. Тогаш се слушаат продорни чкрипења на гумите (ако е сув патот) или панични реакции на возачите како резултат на изненадувањето што го приредува автомобилот со својата непослушност.

Сопирачките на автомобилот се направени така што автомобилот, односно пневматиците (гумите) остро зафаќаат по подлогата во идеални услови (сув коловоз). Блокирањето на тркалата при сопирање не само што го зголемува сопирачкиот пат, туку и го оневозможува управувањето на автомобилот (продолжува неговото праволиниско движење и со несмалена брзинаво случај на лизгав коловоз). Со вградувањето на ABS системот сопирачките способности се многу подобрени, спречено е блокирањето на тркалата, се намалува патот на сопирање и, можеби што е најважно, се задржува контролата врз управувањето на автомобилот.

 

Целиот напис "ABS – сопирање на рати" може да го прочитате во изданието ЕМИТЕР 2/2002

 

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.