Рубрика: Макетарство и моделарство
Вовед во макетарството (1)
Автор: Марјан Трајков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 2/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


За секој што на некаков начин стапил во контакт со макетарството и се определил за него како за свое идно хоби, е важно да биде добро упатен кои производи за почеток да ги користи и кон што прво да се определи за да се стекне со доволно искуство за идните предизвици што ги носи макетарството. Во суштина, бидејќи макетарството е збир на вештини за материјализација на реалноста и фантазијата во димензии кои се прифатливи за макетарот, а бидејќи нема јасно ограничување на тоа што сè сразмерно намалено или зголемено може да се материјализира како резултат на работата на макетарот, повеќе ќе обрнеме внимание воздухопловното макетарство што, воедно, треба да биде и паралелен совет за останатите кои се занимаваат со друг вид макетарство.

Макета на ист авион во повеќе размери

Доколку се одлучите да се занимавате со воздухопловно макетарство, пред сè треба да имате предвид дека секој може да изработи макета на воздухоплов по своја желба. При изработката макетарот не мора да се води по зададените упатства на склопувањето на макетата и не е задолжително макетата да биде соодветно обоена и означена, туку сè зависи од желбите и фантазиите што сака макетарот да ги пренесе во своите креации. Притоа, ако се определи макетарот строго да ја пренесе реалноста во својата креација мора да се води истата да биде сразмерно точно изработена во однос на вистинскиот воздухоплов.

Дел од макета подготвен за обработка

Ако не иизработувате макета на воздухоплов во т. н. самоградба која бара исклучително многу искуство, односно доколку имате набавено сет со пластични делови, а воедно сте почетник, важно е да се знаат следниве работи:
• кои се стандардните размери во воздухопловното макетарство;
• како да почнете и да се стекнете со искуство;
• кој основен алат ќе ви биде најпотребен во почеток, а кој понатаму во вашата понапредна фаза.

Па да тргнеме со ред...

Еден од поголемите предизвици во макетарството – изработка на сцена (диорама)

 

Во следниот број на ЕМИТЕР повеќе ќе се задржиме на редоследот на постапките при изработката на макетата, на дел од техниките и на некои практични совети кои се применуваат притоа.

 

Клучни зборови:
Дел од макета подготвен за обработка

Дел од макета подготвен за обработка

Макета на ист авион во повеќе размери

Макета на ист авион во повеќе размери

Боење на моделот со воздушна четкичка, т.н. ербраш (air brush)

Боење на моделот со воздушна четкичка, т.н. ербраш (air brush)

Еден од поголемите предизвици во макетарството – изработка на сцена (диорама)

Еден од поголемите предизвици во макетарството – изработка на сцена (диорама)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.