Електроника

Аудиозасилувачите користат различни технологии и принцип на работа (класа) при што секоја од нив има позитивни и негативни страни. Класата А се одликува со минимални изобличувања и мала ефикасност, класата Б со големи изобличувања и голема ефикасност, класта АБ со мали изобличувања и просечна ефикасност, а главна одлика на класата Д е големиот степен на корисно дејство од преку 90%. Но големата ефикасност оди директно на сметка на квалитетот на репродукцијата. Во последната деценија овој раскол е многу намален па денешните засилувачи од класа Д по квалитет се блиску до најдобрите изведби од класата АБ. 


Информатика

Минатиот месец во Ница, Франција, се одржаа два настани во организација на Интел Лабс Европа – Истражувања во Интел Европа (Research@Intel) и Интеловата конференција за европски истражувања и иновации (Intel Europeаn Research and Innovation Conference - ERIC). Research@Intel беше придружен и со демо-претставување на технологиите на иднината на кои се работи во Интел Лабс. Благодарение на претставниците на Интел во Македонија, во можност сме од прва рака да ве известиме за случувањата.


Електроника

Нашиот старински ФМ-тјунер со ламби беше детално опишан во првото продолжение – ги анализиравме електричните шеми, ги презентиравме печатените плочки и дадовме совети за изборот на елементите и изработката. Но главниот дел од работата допрва следува – нагодувањето на изработениот приемник. Тоа е "пипава" работа која бара време, трпение и соодветни знаења. За првите две не можеме да ви помогнеме, но за третиот услов – да, во ова продолжение следува детален опис на постапките за нагодување, на начин и со помошни инструменти и уреди кои се достапни за хоби-електроничарите.


Аудио и видеотехника

Разочарани сте од млитавиот и слабиот звук на стандардните hi-fi звучници? Сакате експлозивна динамика и јачина, но со hi-fi неутралност и природност? Тогаш овој проект за звучник е наменет токму за вас – високоефикасни професионални звучнички единици, елаборирана свртница и добра кутија, наменети за домашно аудиофилско уживање во live concert јачина на звукот. Во аудиофилските кругови владее заблудата дека професионалните звучници имаат тврд, остар и груб звук. Овој проект е доказ дека тоа не е точно, напротив!


Телекомуникации

Минатиот месец проструи веста дека група кинески научници наместо со Wi-Fi, успешно постигнале функционална интернет-конекција со висок мрежен проток, исклучително со употреба на LED светилки за т.н. Li-Fi конекција. Употребената Li-Fi технологија го привлече вниманието на многумина поради употребата на светлината како медиум за воспоставување на безжична комуникација.


Електроника

Во ова четврто продолжение на серијата написи за микроконтролерите од серијата PIC16F87x е даден краток преглед на асемблерските наредби кои ги поддржуваат овие микроконтролери. Ги има 35 на број и за секоја наредба ќе биде дадено значењето на кратенката, синтаксата и краток опис за нејзиното дејство.


Фототехника

Што е телефон? Според старата дефиниција, телефон е систем кој ги претвора акустичните вибрации во електрични сигнали за да може да се пренесат на далечина. Се пронаоѓа ли денешниот мобилен телефон во оваа дефиниција? Не, телефоните денес се многу повеќе од пренесувачи на звук само поради здравата конкурентска борба меѓу компаниите што се лидери во високата технологија.


Металство и машинство

Млазни пумпите се користат за црпење вода од бунари. Специјално дизајнираните млазни пумпи се димензионирани во правец на искористување на Вентури-ефектот. Вентури-ефектот претставува опаѓање на притисокот во флуидот, кој се јавува како резултат кога некомпресирачки флуид навлегува во делот од цевката со намален пресек. Млазните пумпи се всушност пумпи за вода кои се монтираат над земја и извлекуваат вода од под земја преку цевка за вшмукување.


Автомобилска техника

Во минатиот број на ЕМИТЕР се запознавме со технологијата Skyactiv D за дизелските мотори. Овој напис целосно ќе биде посветен на технологијата Skyactiv G за бензинските мотори. Ќе дознаете како им успеа на инженерите на "Мазда" да го наголемат степенот на компресија на бензинските мотори од околу 11 на 14, а со тоа да го наголемат термичкиот степен на корисно дејство за околку 6,6%, што е извонреден резултат кој се огледува во поефикасен и поштедлив мотор т.е.


Еурека

Првата светска војна (ПСВ) претставува погубителен период за македонскот народ и Македонија. Сепак, тие темни дни, покрај големиот број новодојдени странски трупи на антантата и централните сили, во земјава биле присутни и некои странски експерти и научници. Во овој текст за првпат откриваме дел од историјата на науката во Македонија во текот на Првата светска војна. Кој доаѓал во Македонија, какви истражувања спроведувал и која била нивната цел? 


Историја и археологија

Резултати од археолошките истражувања на праисториската наколна населба во водите на Дојранското Езеро од времето на преодниот период меѓу бронзената и железната епоха.


Информатика

Иако се очекуваше најновата генерација Radeon картички да носи ознаки 8xxx, според стандардната номенклатура, сепак, во AMD мислат поинаку. R7 и R9 (наскоро и R5) се сериите на картички со кои AMD ќе атакува на Nvidia. Дотерување на веќе докажаното и провереното, но и еден сосема нов производ. Дали тоа ќе биде доволно?


Физика

Хигсовиот бозон, поинаку наречен и Божја честичка, теоретски претскажан уште во 1964 год., конечно детектиран во 2012 год., можеби е тајниот клуч во космологијата којшто ја објаснува несиметријата меѓу количеството материја и антиматерија во најраниот универзум, како и потеклото на мистериозната темна материја, којашто зафаќа дури 84,5% од вкупната маса во универзумот.


Астрономија и астронаутика

Затемнувањето на Сонцето претставува астрономски настан кој се случува кога Месечината на својата орбитална патека поминува помеѓу Сонцето и Земјата и директно ја блокира сончевата светлина, делумно или целосно. Многу среќници во светот на 3-ти ноември имаа можност да уживаат во необичното хибридно затемнување на Сонцето. Настанот во кој Месечината го затскри Сонцето беше видлив од источниот дел на Северна Америка па сè до Блискиот Исток.


Информатика

Постои некое општо верување дека интернет-прелистувачот е софтвер кој воглавно има само една намена, а тоа е пристап на интернет и прелистување (прегледување) веб-страници. Секако, во добар дел, секој просечен корисник го користи веб-прелистувачот токму за тоа. Процентот со кој се застапени одредени веб-прелистувачи кај корисниците е различен, имено Internet Explorer сè уште држи најголем дел дел од пазарот.


Електроника

Напонската стабилизација е функција којашто има многу широка примена, па според тоа, и широка палета производи за таа цел, почнувајќи од наједноставните зенер диоди, до сложени конструкции со примена на микропроцесори. Значително место во таа палета има напонскиот стабилизатор TL431 поради едноставниот начин на примена, пристапен и за електроничари-почетници, но и поради можноста за нагодување на напон на неговиот излез.


Омнибус

Во рамките на ТЕХНОМА, во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ, по 34. пат се одржа изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи и младинско творештво МАКИНОВА 2013. Придружна беше изложбата на иновации и пронајдоци за подобрување на животната средина – ЕКОНОВА 2013.


Медицина

Најновите истражувања за еден витамин го откриле неговото позитивно делување како превенција од грип, како и неговото влијание во ублажување на симптомите на грип и настинка. Научниците дури мислат дека овој витамин би можел да биде замена за вакцините против грип, бидејќи се утврдило дека некои од нив не само што не се делотворни, туку можат да бидат дури и штетни. За кој витамин станува збор, откријте во понудениов текст.


Телекомуникации

Иако голем број луѓе се потпираат на GPS за разни потреби, а најчесто при патување, неговата точност во големите градови понекогаш е катастрофална. Новиот тип антена наречен VRay би требало да ја подобри точноста во урбаните подрачја, па дури и во затворени простори.


Омнибус

Во периодот од 13 до 17 октомври на скопскиот саем се одржа саемот "Технома 2013" вообичаено, како и секоја година, без претставување некоја висока технологија, со даден акцент на производи за широка потрошувачка кои се актуелни во овој период.


Електротехника

Макита ја промовираше новата батерија со капацитет од 4 Ah која ќе понуди многу поголем временски капацитет на експлоатација на вашите акумулаторски уреди. Батеријата нуди и низа други поволности кои ќе бидат објаснети во овој текст.


Аудио и видеотехника

Денешните дигитални матрици – рутерите, како и оние претходните, се срцето на секој видео систем, кое ги одредува целокупните текови на работата, а пред сè ефикасноста.


Омнибус

Вселенски едрилици;
Познавањето јазици ја чува меморијата;
Инвазија на кинески паметни телефони на европскиот пазар;
Науката низ бројки;
Бионички леќи за пилоти;
Регенеративното кочење на BMW;
Животниот век на човекот запишан на стапалата;
Микроробот кој разнесува лекови по телото;
Мобилна единица за неутрализација на Сарин;
windows 8.1;
Студентска електрична формула;


Писма
Апликацијата Pocket Change е забранета?
Band-Pass сабвуфер со Pioneer TS-W307D2