Рубрика: Телекомуникации
Светлината како информатички медиум или дали Li-Fi е новиот Wi-Fi?
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Минатиот месец проструи веста дека група кинески научници наместо со Wi-Fi, успешно постигнале функционална интернет-конекција со висок мрежен проток, исклучително со употреба на LED светилки за т.н. Li-Fi конекција. Употребената Li-Fi технологија го привлече вниманието на многумина поради употребата на светлината како медиум за воспоставување на безжична комуникација. Но, како таа функционира, дали се работи за сосема нов начин на вмрежување и дали постојат можности наскоро сите од Wi-Fi да мигрираме на Li-Fi? Во овој напис ќе се обидеме да одговориме барем на дел од овие прашања.

Светот на технологијата за осветлување во последнава декада доживува вистинска револуција со развојот на LED светилки и мноштвото уреди кои ги применуваат – од обични светилки за домашна употреба, преку батериските ламби и уличните светилки, па сè до високософистирани уреди со LED екрани. Предностите на употребата на LED се несомнени – намалена потрошувачка на енергија и подолг животен век на светилките што придонесува за намалување на емисиите на CO2 во светски размери. Револуцијата во употребата на LED којашто ја доживува светот на осветлувањето доаѓа и со втора неочекувана револуција: светлината станува медиум за пренос на информации во доменот на безжичните комуникации.
Бежичните комуникациски системи коишто употребуваат видлива светлина, од кој и да е дел од електромагнетниот спектар, за пренос на информации, популарно се нарекуваат Li-Fi (Light Fidelity), а во научноистражувачките кругови оваа технологија е позната и како VLC – Visible Light Communications или, во превод, комуникација со помош на видлива светлина.

Клучни зборови:

Харалд Хас и неговиот Li-Fi систем

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.