Почнувајќи од вчера, Ракутен Вибер го удвои бројот на личности кои можат да учествуваат во групните повици на 10 одеднаш.
Одлуката за зајакнат развој на ресурсите е донесена како брз одговор на околностите во врска со пандемијата на Ковид-19 и зголемената потреба за групни разговори на големи семејства, одржување на работни состаноци на далечина, како и за известувања до учениците.
Сите разговори 1-на-1 и групни четови се обезбедени со двострана енкрипција, а подеднакво се заштитени и класичните повици, пораки, фотографии и документи коишто корисниците ги споделуваат. Штом пораката е испорачана, ништо од податоците испратени преку Вибер не останува на серверите на компанијата. Благодарение на end-to-end шифрирањето, откако пораката ќе се испрати, ниту една трета страна (дури ни Вибер) нема клуч со којшто таа би можела да се отклучи. Клуч имаат само лицата коишто ја испратиле и ја примиле пораката.
“Стоиме цврсто зад настојувањето на луѓето да им овозможиме што повеќе начини за групна комуникација во текот на оваа ситуација, за да не мораат физички да бидат на исто место. Како што се шири пандемијата на Ковид -19, сè повеќе луѓе ја работат од дома, затоа сакаме да им овозможиме едноставно надоврзување на работата независно од тоа каде се наоѓаат, како и лесна комуникација со блиските личности” – изјавил Офир Еyал, оперативен директор на Ракутен Вајбер.