Емитер 11/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Вселенски едрилици;
Познавањето јазици ја чува меморијата;
Инвазија на кинески паметни телефони на европскиот пазар;
Науката низ бројки;
Бионички леќи за пилоти;
Регенеративното кочење на BMW;
Животниот век на човекот запишан на стапалата;
Микроробот кој разнесува лекови по телото;
Мобилна единица за неутрализација на Сарин;
windows 8.1;
Студентска електрична формула;
Sony претстави нова камера HDR - MV1 наменета за музичари;
Нова продавница на Гац Електроник;
Чудниот објект P/2013 P5;
Bluetooth звучник Minx Go;
По 1,75 милијарди години Земјата ќе излезе надвор од животната зона.
Нова продавница на Гац Електроник
Минатиот месец, во трговскиот центар Скопјанка, во подземниот премин, свечено беше отворена новата продавница на фирмата Гац Електроник. Локацијата на новата продавница е во непосредна близина на стариот дуќан, лево од скалите на подземниот премин, во правец на ресторанот за макробиотска исхрана "Хармонија".
Како што веќе знаете, ГАЦ Електроник нуди широк асортиман на електронски компоненти и мерни инструменти кои се употребуваат во електрониката, кит-комплети за проекти од ЕМИТЕР и компјутерска галантерија. На површина од 30-ина квадратни метри се наоѓа деловен простор и продажно-изложбен салон, богато опремен со над 12 000 артикли, меѓу кои и производи од повеќе познати светски брендови, по цени за сечиј џеб. Доколку имате сопствен дуќан, сигурно ќе ве интересира тоа што токму ГАЦ Електроник е дилер на Accent фискалните каси од програмата Synergy.
Работното време на продавницата е од 9 до 20 часот секој работен ден, а доколку не сте од Скопје или, пак, едноставно немате време, нарачка на производите може да направите преку е-маил: gacel@on.net.mk, gacelektronik@t-home.mk, скајп – име на скајп-контактот risto.gacevski или, пак, може да ги контактирате и преку телефонот (02) 2462-555. Купените или нарачаните производи можете да ги добиете и со откупнина на вашата домашна адреса, а роковите за испорака се еквивалентни на оние на брзата пошта.
Секако, тука е и нивната фејсбук-страница https://www.facebook.com/pages/GAC-Elektronik/131554652710, која топло ви ја препорачуваме.
Им посакуваме понатамошна успешна работа и воедно ве покануваме да ја посетите продавницата во ТЦ Скопјанка во Скопје.
Невенка Стојановска
Вселенски едрилици
Новиот вид вселенски летала, кои ќе едрат на Сончевиот ветар, би можеле да станат најбрзото нешто што човекот некогаш го создал. Овие вселенски едрилици ќе овозможат истражување надвор од Сончевиот систем, па дури и лет до други ѕвезди.
Вселенското летало генерира 60 километри широко магнетно поле зад себе. Потоа црпи јонизиран гас, познат како плазма, во тој магнетен меур. Учеството на плазмата со наелектризирани честички кои ги носи Сончевиот ветар ја турка вселенската едрилица напред. Овој магнетен меур дејствува како јадро, заробувајќи го Сончевиот ветар. Научниците проценуваат дека со него би можела да се постигне брзина од 280.000 километри на час, што е десетпати побрзо од денешните ракети. НАСА одвоила 500.000 ам. дол. за професорот Robert Vingliju и неговиот персонал од Универзитетот во Вашингтон да развијат мал магнетен систем на плазмен погон.
Сончевиот ветар го сочинуваат наелектризирани честички кои патуваат со брзина од 1,8 милиони км/час. Електромагнетот со големина на тегла ќе создаде магнетно поле илјадапати појако од Земјиното поле, кое би содржело плазмен меур со широчина од 30-60 километри. Плазмата инјектирана во тоа поле би учествувала со честички од Сончевиот ветар, со цел да го турка вселенското летало напред. Претходните идеи за искористување на Сончевиот ветар вклучувале големи преклопливи јадра, кои имале маана – биле премногу тешки. Новиот систем на вселенски едрилици би можел да го турка возилото три месеци, притоа трошејќи само 3 килограми хелиумско гориво. Иако силата која би го движела леталото би била мала, таа постојано би дејствувала на возилото забрзувајќи го до крајната брзина.
Ирена Кацеска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.