Емитер 12/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Друг поглед на вселената;
X-mini II Capsule Speakers;
Геј животни;
Tyler Minigyro Stabilizing Camera;
Колку е голем Марс?;
Во борбата со болестите на срцето клучот е кај тинејџерите;
Нов рачен скенер за брза дијагноза на меланом;
Новиот тест потврдува: неутрината се побрзи од светлината;
Хроничниот замор е предизвикан од вирус;
Знаевте ли дека ...;
Како се пресметува "нултото ниво" на Марс?;
CodeCamp 2011;
Завршува конкурсот "Најмлад научник" за 2011 година;
ioSafe SoloPRO
X-Mini II Capsule Speakers
За ова звучниче велат дека звукот што го дава е многу поголем од неговите димензии, бидејќи иако има мали димензии дава масивен звук. Можете да го приклучите на мобилен телефон, МП3 плеер или лаптоп, и ќе ги импресионирате своите пријатели кога ќе слушнат каков звук излегува од него. Музиката и песните извираат кристално јасни, ја исполнуваат просторијата и го подигаат расположението на собраното друштво. Многумина не можат да поверуваат дека звукот доаѓа од ова мало топче кое се чувствува комотно во вашиот џеп. Со едно полнење на батериите може да работи од 2,5 до 11 часа. Можат да се нижат еден на друг, а кабелчето кога не работи се собира уредно во него. Чини неверојатни 20 долари!
Со мали димензии и одличен импресивен дизајн добитник е на повеќе награди меѓу кои и: Good Design Award – награда за добар дизајн; Universal Design Award – награда за универзален дизајн; Design for Asia Award – награда за дизајн на Азија
Технички детали: Димензии: 60 mm×вклучувајќи го и резонаторот; Тежина: 83 г; Излезна импеданса: 4Ω Излезна јачина на звукот: 2,5W; Фрекфенциска карактеристика: 100Hz - 20kHz; Сигнал/шум: ≥80dB; Дисторзија: ≤1.0%; Батерии: 5 V, 400mAh,
Го има во повеќе бои и тоа: сина, зелена, портикалова, розова, црвена црна и сива.
К. С. Андонова
Новиот тест потврдува: неутрината се побрзи од светлината
Повторениот експеримент ОПЕРА (Oscilation Project with Emulsion - tRacking Aparatus), чии резултати беа објавени на 18 ноември, ги потврди резултатите на првиот ОПЕРА експеримент, а тоа е дека неутрината можат да се движат со брзина поголема од светлоста.
Еден од потенцијалните извори на грешки во првиот експеримент било тоа што сноповите на неутрина испратени од ЦЕРН траеле релативно долго, околу десет микросекунди, што можело да доведе до грешки во мерењето на времето на нивното патување. За да се отстрани овој можен извор на грешки, во вториот експеримент биле испраќани снопови на неутрина со времетраење помало за три наносекунди, а времето меѓу сноповите било 524 наносекунди. Со ова се добил сноп на неутрина со помала густина, но било овозможено поточно мерење на времето на нивното патување. И со ова мерење се добиле резултати споредливи со првото мерење. Сепак, како што вели и Фернандо Ферони (Feronni), претседател на Италијанскиот институт за нуклеарна физика овие резултати не се конечни:
"Мерење кое е толку деликатно и носи толку длабоки импликации во физиката бара високо ниво на внимание. Позитивниот исход на овој тест не увери во резултатите, но конечниот суд може да се даде само по извршени аналогни мерења на други места во светот".
Тимот на ОПЕРА продолжува да бара други потенцијални системски грешки во експериментот, а резултатот од најновото мерење може да се најде онлајн на следната веб-адреса: http://arxiv.org/abs/1109.4897v2
Александар Тошоски
Завршува конкурсот "Најмлад научник" за 2011 година
Овој месец се затвора конкурсот за признанието "Најмлад научник" за 2011 година кој секоја година го доделува Претседателот на Република Македонија како поттик на младата научна и истражувачка мисла во нашата држава. Јавниот повик за учество во конкурсот ги опфаќа сите лица на возраст до 30 години, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за поситивен развој на општеството и околината во која и работат. Условите за учество се достапни на сајтот на ЕМИТЕР со кликнување на иконата "Конкурс Најмлад научник" како и на сајтот на Претседателот на Р. Македонија. Пријавувањето да потсетиме трае до 31 декември.
Н. Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.