Емитер 11/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Млазни пумпите се користат за црпење вода од бунари. Специјално дизајнираните млазни пумпи се димензионирани во правец на искористување на Вентури-ефектот. Вентури-ефектот претставува опаѓање на притисокот во флуидот, кој се јавува како резултат кога некомпресирачки флуид навлегува во делот од цевката со намален пресек. Млазните пумпи се всушност пумпи за вода кои се монтираат над земја и извлекуваат вода од под земја преку цевка за вшмукување. Овие пумпи најчеста примена наоѓаат во области богати со подземни води како и во предели со потопла клима.
Во основа, секоја пумпа, без оглед на нејзината намена, се состои од два основни дела коишто меѓу себе се така комбинирани и димензионирани, за да извршуваат соодветна наменска функција како склоп во целина. Основниот дел од пумпата којшто £ овозможува погон е од електрична природа и тоа е всушност соодветен електромотор. Вториот основен дел од пумпата е соодветна машинска конструкција којашто, погонувана од електромоторот, ја врши наменската функција, во овој случај пумпање на флуидот (водата).
Постојат два основни типа млазни (џет) пумпи, а изборот на соодветна пумпа варира зависно од нивото на водата. Врз база на овој критериум, млазните пумпи може да бидат:
1. Млазни пумпи за плиток бунар – инсталации коишто одат во водата на длабочина од околу 7 до 8 метри;
2. Млазни пумпи за длабок бунар – инсталации коишто одат длабоко во водата дури и до 45 метри длабочина.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.