Рубрика: Металство и машинство
Направете сами проточен болјер во склоп на сопственото парно греење
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Доколку во својот дом користите сопствено парно греење, дополнителна заштеда на електрична енергија можете да постигнете ако од самото парно греење искористите и топла вода за бањата и кујната. Класичен начин за добивање топла вода од вашето парно е вградувањето на специјален бојлер за парно греење. Во овој напис ќе ви откриеме еден поинаков начин за добивање топла вода т.е, ќе ја објасниме изработката на проточен бојлер од вашето парно греење.

Најпрвин мал вовед во парното греење за да стане појасно како ќе функционира проточниот бојлер. Секој тип парно греење, без разлика на тоа дали се работи за парно на дрва, нафта, плин или на електрична енергија функционира подеднакво исто, само што се разликува во делот каде што се добива топлината – едниот користи огниште, другиот горилник за нафта, третите грејачи и така натаму. Првиот и главен дел на парното греење се состои од огниште, или горилник кој е опколен со котел (резервоар за вода), и негова задача е да го согори горивото и што поголем дел од топлината да ја апсорбира во котелот, т.е. да ја загрее водата. Вториот дел е транспортот на топлата вода кон радијаторите и овој дел се состои од цевковод (алупласт или бакарни цевки) и електрична пумпа. Електричната пумпа треба постојано да ја ротира водата од котелот, т.е. да ја бутка кон радијаторите и така преку нив да се изврши размена на топлина со околниот воздух. Третиот дел на парното греење се состои од заштитни уреди (термовентили, ограничувачи на притисок, за експанзија), кои имаат за задача да ги спречат прекумерното загревање на водата и експлозија во случај пумпата да престане да работи (да снема струја или да се расипе пумпата). Четвртиот дел од системот на парно греење се разменувачите на топлина и тука најчесто се користат радијатори и регистри за купатило. Доколку наместо радијатор за размена на топлина поставите специјален бојлер за парно греење, ќе добите топла вода за вашите бања и кујна. Ова како заштеда на електрична енергија изгледа атрактивно, но кога ќе ги пресметате парите што сте ги дале за таков специјален бојлер (апроксимативно со работна рака од околу 500 евра) ќе добиете некој период на враќање на парите од најмалку пет години, што е релативно долг период за таква инвестиција.
Најнапред да образложиме од каде е оправданоста за изработка на проточен бојлер од шпорет на дрва за парно, од каде буквално дојде и мојата идеја за изработка. Најчесто применувани типови шпорети за парно греење се шпоретите со номинална моќност од 20 KW, па сè до 30 KW. Ако подобро проанализирате, електричните проточни бојлери што се употребуваат во домаќинството имаат моќност која се движи околу 10 KW. Тогаш сигурно дека овие 20 KW топлина која се произведува со шпоретот на дрва ќе биде доволна за изработка на проточен бојлер. Функционирањето на проточните бојлери е многу едноставно, т.е. водата со која треба да се бањате треба да помине низ некој тип на моќно грејно тело, во нашиов случај низ жар создаден од согорување на дрвата во огништето. Како тоа практично да се изведе, ќе објасниме во понатамошниот текст. Целокупната инвестиција за изработка на системот не надминува 1000 денари, што, во споредба со цената на специјален болјер за парно, е огромна разлика.

Клучни зборови:

Шпорет за парно греење на дрва.

Поврзување на проточниот бојлер.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.