Рубрика: Металство и машинство
Топловодно греење (1)
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Еден од најчесто користените начини за загревање на домовите денеска претставува топловодното, популарно наречено парно греење. Во зависност од финансиската состојба и цената на енергенсите, некои се определуваат за парно на дрва, природен гас, нафта, пелети и др. Во овој текст ќе се задржиме на изведбата на сопствено парно греење, негово тестирање и пуштање во употреба, а пресметките и одлуката за каков тип парно ќе се одлучите ќе ја оставиме на вас.

Во нашите простори греењето зазема голем дел од вкупните годишни трошоци во едно домаќинство, па затоа од голема важност е да се направи правилен избор на методот за загревање на домот. Кога веќе се одвојува солидна сума за загревање на домот, тогаш барем да бидеме стоплени во зимниот период. Многумина ќе почнат со дискусија за тоа кој тип загревање на домот е најдобро, дали е тоа загревањето со дрва, струја, природен гас, нафта и др. Секој од претходно споменатите типови за загревање на просториите има свои предности и маани, но јас генерално се сложувам со едно: Кој било тип на греење да го изберете, запомнете дека нема поубаво греење од целодневно загревање на вашиот дом и подеднакво загревање на сите простории. Целодневното загревање ќе овозможи да се загреат ѕидовите и подот, па така кога ќе претстојувате во домот нема да се случи во телото да се потите, а долу нозете да ви смрзнат. Загревањето на сите простории во вашиот дом ќе овозможи пријатност при движењето од една во друга соба. Доколку имате нерамномерна затопленост на сите простории, телото при движењето од една просторија во друга просторија ќе чувствува негативни температурни разлики и бранови од ладен воздух кои подеднакво ќе ве смрзнат како и воопшто да не топлите во домот.
Во ова прво продолжение ќе говориме за: потребната инфраструктура за парно греење, изведбата на оџак, како и предностите и недостатоците на одредени типови на парно греење

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина