Рубрика: Металство и машинство
Хидраулика
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Многумина се сретнале и ракувале со некој хидрауличен уред, во најмала рака со обична хидраулична дигалка за автомобил. Секој од нас кога ќе го слушне зборот хидраулика, помислува на нешто моќно што подига голема тежина. Но моќноста во која било форма, хидраулична, електрична или топлинска, си е подеднаква, т.е. киловат моќност си е киловат моќност, без разлика за каква форма на енергија станува збор. Во овој текст ќе ги објасниме главните предности на хидрауличните системи а, се разбира, ќе се осврнеме и на недостатоците на овие системи.

Хидрауликата е сегмент од машинството и со својата моќ и префинетост во изработката мошне често предизвикува восхит. Многумина од нас имале можност да ракуваат со некој хидрауличен уред, почнувајќи од обична хидраулична автомобилска дигалка, преса за набивање некои машински делови, хидраулични ножици и др. Секој од овие уреди поседува моќ којашто е неспоредлива со вложената рачна енергија за извршување на функцијата. Од каде доаѓа таа хидраулична моќ, зошто, на пример, за подигање или за пресување се користи хидраулична машина, зошто не се одлучиле за некаков друг тип енергија? Во овој текст ќе се обидеме да ги објасниме главните предности на хидрауличните системи, ќе појасниме што, всушност, претставува моќта на хидрауличните системи и од каде доаѓа таа.

Клучни зборови:

Електромагнетен вентил

Телескопски цилиндар

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.