Рубрика: Металство и машинство
Топловодно греење (2)
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ова продолжение ќе ги објасниме основните принципи на функционирање на топловодното греење, ќе ги објасниме главните составни делови и нивната функција. Составни делови на едно парно се: котел, експанзионен сад, цевководен систем, сигурносни вентили, пумпа, радијатори, регистри, вентили.

Во ова продолжение за парното греење ќе стане збор за основните принципи на функционирање на топловодното греење, а притоа ќе ги објасниме главните составни делови и нивниот принцип на работа и монтирање. Еве за почеток да направиме една проста дефиниција за топловодното греење: Топловодното греење претставува греење кое се постигнува со топла вода загреана со шпорет или котел, која ротира низ радијатори со помош на пумпа. Принципот на работа е мошне едноставен, но сепак се работи за затворен систем кој во секој момент може да го зголеми притисокот и да направи експлозија. Затоа, потребно е најпрвин да се знаат карактеристиките на водата и термодинамичките закони кои се поврзани со експандирање, т.е. ширење на водата под дејство на топлина. Главни составни делови кои се среќаваат во изведбата на домашното парно греење се следните: котел или шпорет, пумпа, цевковод, вентили, радијатори, експанзиона боца, сигурносни вентили, терморегулациски вентили, регистри, бојлери за парно. Секој од овие составни делови ќе биде објаснет во детали, сè со цел да стане јасен принципот на работа и принципот на неговото вградување. Како што напоменавме во претходниот напис, ќе се задржиме на изведбата на парно греење изведено со котел или шпорет на дрва, бидејќи овој тип на парно греење најмасовно се употребува кај нас. Освен во котелот, парното греење со другите типови на гориво (нафта, струја, гас, пелети) е комплетно идентичен, па доколку знаете да намонтирате парно на дрва, многу лесно ќе го направите тоа и со парно на некој друг тип гориво.

Клучни зборови:
Котел на дрва

Котел на дрва

Центрифугална пумпа за парно

Центрифугална пумпа за парно

Сигурносен вентил

Сигурносен вентил

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина